Запознајте го најзгодниот хигиеничар од Србија - има 33 години и горд е на професијата (видео)

Со видеата во кои покажува како изгледаат неговите секојдневни обврски на работното место, Србинот Јовица Васиќ стана вистинска ѕвезда на ТикТок, а е прогласен за најзгодниот хигиеничар.

srbin-snimal-videa-za-da-pokazhe-deka-ne-se-srami-od-profesijata-a-go-proglasija-za-najzgodniot-higienichar-video-01.jpg

Јовица Васиќ (33) од Србија неофицијално е прогласен за најзгодниот хигиеничар во Србија. Тој веќе 15 години работи за јавното градско претпријатие „Градска чистота“ во Белград, а го привлече вниманието на јавноста со добриот изглед и извајаното тело со тетоважи.

Јовица вели дека воопшто не ја очекувал славата што му ја донесе неговиот профил на ТикТок. Тој почнал да ги објавува видеата во кои се гледа како изгледа неговото секојдневие на работното место и за да покаже дека не се срами од тоа што го работи. 

srbin-snimal-videa-za-da-pokazhe-deka-ne-se-srami-od-profesijata-a-go-proglasija-za-najzgodniot-higienichar-0_resize.jpg

На снег, на дожд, во секакви временски услови... Јовица редовно ги доловува предизвиците со кои се соочува на работното место, а неговите постови се забавни и ги засмеваат следбениците.

„Мојот помлад брат има профил на ТикТок и видов дека постојано нешто објавува, па така и јас ја добив идејата. Откако видов дека првото видео има многу прегледи одлучив да продолжам со снимање“ – вели тој.

srbin-snimal-videa-za-da-pokazhe-deka-ne-se-srami-od-profesijata-a-go-proglasija-za-najzgodniot-higienichar-03.jpg

Младиот Србин не е оженет, но има две ќерки на возраст од 10 и 11 години. Тој неодамна гостуваше во емисијата Jutro на Prva, каде кажа дека славата што ја стекнал му годи, но сепак останува скромен.

„Целосно сум сконцентриран само на работата. Секое утро се будам во 10 до 5, се подготвувам и тргнувам. Некогаш станував во 10 до 4, но тоа се промени.

Во 6 часот веќе сум на терен, секој тим има сопствен терен, јас сум во главно на Вождовац, а работата не е тешка откако ќе се навикнете.

Позитивната страна на мојата работа се колегите, затоа што сите се супер. Има луѓе што сакаат да ме снимаат и да ме фалат“ – вели Јовица.

srbin-snimal-videa-za-da-pokazhe-deka-ne-se-srami-od-profesijata-a-go-proglasija-za-najzgodniot-higienichar-06.jpg

Тој вели дека нема некакви особени планови за иднина, но рече дека и во иднина ќе снима видеа со кои ќе покаже дека не се срами од сопствената професија и од тоа што чесно ја заработува платата.

Погледнете некои негови видеа:

@jovicavasic89

 

♬ Rocky Theme - Gonny Fly Now - The Fan Lounge

@jovicavasic89

 

♬ Genge - Relja & Rasta

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го прашувам колку ме сака од 1 до 10, вели 110“ - Аца Кос за интимата со српскиот политичар Чедомир... Аца Кос е 16 години помлад од Чедомир и живеат заедно веќе 3 години, откако Чедо...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Саша Ковачевиќ брутално искрен: „Сум изневерувал и не се гордеам со себе – ние мажите сме чудна сорт... „На почетокот на врската Зорана често ми го проверуваше телефонот, посебно после...

Најчитани неделава