Запознајте го синот на Драган Бјелогрлиќ - Алексеј (21) е заводник како татко му

„На оваа фотографија е копија на неговиот татко“ – стои во некои од коментарите до фотографиите на синот на Драган Бјелогрлиќ, Алексеј. Младиот актер веќе ги краде воздишките на женската публика, а пред него е блескава кариера.

ist-e-kako-tatko-mu-zapoznajte-go-aleksej-bjelogrlikj-sinot-na-dragan-01.jpg

Драган Бјелогрлиќ се труди колку може повеќе да го крие приватниот живот подалеку од очите на јавноста, така што досега ретко досега можеа да се видат фотографии од неговата сопруга Маја и децата Алексеј (21) и Миа (25).

Драган и Маја не се многу активни на социјалните мрежи, Миа има приватен Инстаграм профил, а неодамна публиката беше позитивно изненадена од фактот што најмладиот член на семејството, Алексеј Бјелогрлиќ (21) отвори јавен профил каде сподели повеќе свои фотографии.

Во дел од коментарите неговите следбеници коментираат дека Алексеј многу личи на неговиот татко во младоста.

„На оваа фотографија е копија на неговиот татко“ – стои во еден од коментарите.

Алексеј тргна по стапките на неговиот татко, па се запиша на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тој од 2021-вата година стана член на Југословенско драмско позориште и воедно е еден од најмладите членови на овој театар.

ist-e-kako-tatko-mu-zapoznajte-go-aleksej-bjelogrlikj-sinot-na-dragan-02.jpg

Младиот Бијелогрлиќ ја започна кариерата со улогата во филмот на неговиот татко Montevideo, Bog te video, а играше и во ТВ Серијата Žigosani u reketu.

Во филмот Senke nad Balkanom ја толкуваше улогата на младиот боксер, а особено внимание привлече поради жешките сцени со актерките Сандра Бугарски и Милица Томашевиќ.

ist-e-kako-tatko-mu-zapoznajte-go-aleksej-bjelogrlikj-sinot-na-dragan-04.jpg

Драган во една прилика откри дека улогата во Senke nad Balkanom му ја дал на Алексеј за да го тестира колку е сериозен за тоа да се занимава со глума.

„Кога Дејан Стојиљковиќ го измисли тој лик на боксерот, му реков дека мора да најдеме добар млад актер, а тој и Бобан Јевтиќ ми предложија да го земам Алексеј. Кога ја пишувавме таа улога, почнав да го тестирам за тоа колку е сериозен во својата намера да се запише на глума.

ist-e-kako-tatko-mu-zapoznajte-go-aleksej-bjelogrlikj-sinot-na-dragan-03.jpg

Видов дека е мошне сериозен и му реков дека ќе му дадам улога за да видам колку може. Тој се развива добро. Ми беше незгодно што морав него да го режирам. Не знаев дали да го гледам како син или како актер.

Добро ја заврши работата. Видов дека може да се занимава со таа професија. Тоа беше тест и не знаев дека така ќе се заврши“ – рече Бијелогрлиќ во изјава за српските медиуми.

Погледнете дел од фотографиите на Алексеј:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Колку е убав“ - Душко Тошиќ ѝ покажа на Карлеуша каков мангуп изгубила со фотки од себе на одморот ... Во вртоглаво скапиот ресорт во Турција, Душко денски покрај плажа, одвојува врем...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Дуа Липа настапи во Приштина - Со згодниот татко испеаја дует и ја кренаа публиката на нозе (видео) Пејачката во бел сценски костим, а татко ѝ (кого го нарекуваат сребрена лисица п...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава