Србин се ожени со жена од Индонезија – oткрива детали од животот во оваа уникатна земја (фото)

„Во 2007-ма побегнав од сопствената венчавка во Индонезија, но сепак ми беше судена друга жена од оваа земја“ – открива српскиот книжевник Виктор Лазиќ кој посетил 100 земји, а од неодамна престојува во оваа островска земја.

srbin-se-ozheni-so-zhena-od-indonezija-otkriva-detali-zoshto-ova-e-unikatna-zemja-foto-01.jpg

Српскиот книжевник и адвокат Виктор Лазиќ (37) е научен и стручен преведувач за англиски јазик со лиценца за туристички водич, пропатувал низ 100 различни земји, а неговиот Инстаграм профил е ризница со фотографии и интересни детали за земјите што ги посетува.

Тој во моментов се наоѓа во Индонезија, каде ја запозна и се ожени со неговата избраничка Ита Лазиќ, која успеала да му го украде срцето.

Виктор имаше свадбена церемонија на островот Јава во Индонезија, а во описот до фотографиите откри уште еден интересен детаљ за себе.

„Годините вредат помалку од еден ден, а животот помалку од љубовта (Пол Елијар).

Првиот пат побегнав од својата венчавка во Индонезија во дамнешната 2007-ма година, но една друга жена од Индонезија сепак ми беше судена.

Од пред некој ден и официјално сум во брак со Ита Лазиќ од островот Јава“ – сподели тој.

srbin-se-ozheni-so-zhena-od-indonezija-otkriva-detali-zoshto-ova-e-unikatna-zemja-foto-02.jpg

srbin-se-ozheni-so-zhena-od-indonezija-otkriva-detali-zoshto-ova-e-unikatna-zemja-foto-03.jpg

Инаку, Виктор преку интересни фотографии и видеа на неговиот Инстаграм профил споделува како изгледа животот во оваа земја.

Од неговите објави може да дознаете дека на островот Јава се наоѓа една од најстарите фабрики за преработки на шеќер, која потекнува од 19-иот век, а денес е претворена во музеј.

Индонезија е земја во која се чувствува колонијалното влијание, во која има големи будистички храмови, за чија изградба не биле користени малтер и шајки, има кинески храмови, па и холандски градби...

Виктор споделува фотографии од овие уникатни градби што се застапени во Индонезија и ни доловува како изгледа тамошниот живот.

Освен тоа, тој сподели дека во Индонезија на Џакарта за Велигден имал можност да присуствува и на православна христијанска литургија.

„Навистина беше невообичаено и неверојатно да се искуси верата и посветеноста на православните христијани во Индонезија“ – пишува тој до фотографиите.

Неговите фотографии покажуваат во која мера Индонезија е уникатна земја, благодарение и на уникатните животински видови, но и Ајфеловата кула изградена од бамбус, сместена на вулканско езеро.

Погледнете уште неколку негови фотографии во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава