Магично запросување во Кападокија, ќе прави свадба во Охрид – Љубовната приказна на НБА кошаркарот Џеди Осман (фото)

„Таа е вистинската жена за мене... Го знаев тоа истиот ден кога ја видов. Прстенот го купив уште минатата година но ми требаше време да соберам храброст за да ја запросам“ – со овие зборови НБА кошаркарот Џеди Осман кој на 1-ви јули ќе прави свадба во Охрид ја опишува средбата со неговата сакана Ебру Шахин.

magichno-zaprosuvanje-vo-kapadokija-kje-pravi-svadba-vo-ohrid-ljubovnata-prikazna-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-foto-01.jpg

На први јули годинава турскиот НБА кошаркар Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин ќе направат свадба во Охрид, што според многумина ќе биде најпопуларната прослава што ќе се случи во бисерот на Македонија.

Во продолжение неколку интересни факти за љубовната приказна на Џеди и Ебру:

Парот е во врска од летото 2020-та година, а желбата на Џеди била судбоносното „Да“ да го каже во градот каде што е роден и каде ги поминал првите години од својот живот.

Интересно за Џеди е тоа што на сите поважни страници каде е опфатена неговата биографија, тој се декларира како турски кошаркар со македонско потекло.

magichno-zaprosuvanje-vo-kapadokija-kje-pravi-svadba-vo-ohrid-ljubovnata-prikazna-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-foto-14.jpg

Актерката Ебру Шахин во моментов е мошне популарна во Турција, заради главната улога во мегапопуларната серија Hercai, а Џеди е познат заради својата блескава кошаркарска кариера во Кливленд Кавалирс.

magichno-zaprosuvanje-vo-kapadokija-kje-pravi-svadba-vo-ohrid-ljubovnata-prikazna-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-foto-05.jpg

Џеди е роден во Охрид, татко му по националност е Турчин, а мајка му има Бошњачко потекло и доаѓа од Нови Пазар, Србија, но уште како дете се преселил да живее во Истанбул.

magichno-zaprosuvanje-vo-kapadokija-kje-pravi-svadba-vo-ohrid-ljubovnata-prikazna-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-foto-03.jpg

Неговата врска со убавата турска актерка привлекува внимание и заради огромната разлика во височината помеѓу двајцата. Таа е висока 170cm, додека кошаркарот е 30cm повисок од неа, со височина од 201cm.

magichno-zaprosuvanje-vo-kapadokija-kje-pravi-svadba-vo-ohrid-ljubovnata-prikazna-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-foto-20.jpg

Парот минатата година во септември имаше магично запросување во Кападокија, а Џеди во едно интервју откри дека во мигот кога ја видел знаел дека Ебру ќе биде негова сопруга.

„Таа е вистинската жена за мене... Го знаев тоа истиот ден кога ја видов. Прстенот го купив уште минатата година но ми требаше време да соберам храброст за да ја запросам. Тоа беше најубавиот миг во мојот живот“ – откри Џеди.

magichno-zaprosuvanje-vo-kapadokija-kje-pravi-svadba-vo-ohrid-ljubovnata-prikazna-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-foto-06.jpg

Парот во мај годинава имаше официјална свршувачка во градот Текирдаг во Турција, а по свадбата во родниот Охрид што ќе се одржи на 1-ви јули, парот ќе има уште една свадба на 7-ми јули на плажата Чешме, во Измир, Турција.

magichno-zaprosuvanje-vo-kapadokija-kje-pravi-svadba-vo-ohrid-ljubovnata-prikazna-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-foto-19.jpg

Парот досега живеел задно во изнајмена куќа во Истанбул, а се очекува по свадбата убавата турска актерка да се пресели во Кливленд САД, заедно со нејзиниот сопруг.

magichno-zaprosuvanje-vo-kapadokija-kje-pravi-svadba-vo-ohrid-ljubovnata-prikazna-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-foto-15.jpg

Погледнете повеќе нивни фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Eдна од најатрактивните жени во регионот на 59 години е поим за сексапил на плажа во Охрид (фото) Српската актерка Лидија Вукичевиќ е една од најатрактивните жени во регионот, а ...
Се венчаа на брод среде езеро во уникатни стајлинзи – први фотки од свадбата на НБА кошаркарот Џеди ... НБА кошаркарот Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин го кажаа судбоносното „Д...
Девојка од Турција завршила факултет, но работи како такси-возач за да му помогне на болниот татко (... „Отсекогаш му се восхитував на татко ми и ја преземав професијата од него, голем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg