Емина Јаховиќ се огласи за првпат по венчавката на бившиот Мустафа Сандал со 19 години помладата девојка

„Најмалку 3 години без вистински одмор. Ова лето одлучив да се исклучам од сè, вклучувајќи ја и работата, токсичните врски, непотребните главоболки, непотребните луѓе, апсолутно од секоја непотребна работа...“, ја започнува Емина Јаховиќ својата емотивна исповед, додека ужива на море со синовите и мајка ѝ, кратко откако Мустафа Сандал имаше венчавка во Рим.

emina-jahovikj-se-oglasi-za-prvpat-po-venchavkata-na-bivshiot-mustafa-sandal-so-19-godini-pomladata-devojka-01.jpg

Емина Јаховиќ периодов е на одмор во малото турско гратче Göcek со синовите, мајка ѝ и други членови на семејството, додека Мустафа Сандал (52), нејзиниот поранешен сопруг и таткото на нејзините деца, правеше регистрација со 19-години помладата девојка во Рим.

Емина објави фотографија од себе на плажа и во описот напиша:

„Најмалку 3 години без вистински одмор.

Ова лето одлучив да се исклучам од сè, вклучувајќи ја и работата, токсичните врски, непотребните главоболки, непотребните луѓе, апсолутно од секоја непотребна работа.

Среќна сум што напишав неверојатен музички албум, кога бев инспирирана за тоа. Песните се готови и полни со емоции, кои морав да ги исфрлам од себе.
Не беше лесно, но беше магично за мене да го уловам тој миг и да го транформирам во зборови и да звучи добро.

Созреав, научив многу. Сега само сакам да си пронајдам духовен мир, или да речеме смиреност пред бурата од овој неверојатен музички проект, кој бара внимание и креативност.

Па, бидејќи многу од вас ме прашуваат – кога албум, кога концерт?

Верувајте ми, се подготвувам за тоа, психички и физички за да можам да донесам експлозија од енергија. Никогаш не се шегувам кога станува збор за музиката, но на секој уметник му е потребно време за да го даде најдоброто од себе.
Мислам дека сега успеав во тоа.

Ајде да го славиме животот и да бидеме благодарни за сè што имаме или немаме.
Универзумот работи за нас, никогаш против нас.
Ве сакам сите.“

Eмина со мајка ѝ:

Повеќе фотографии од неа:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Емина Јаховиќ искрена: „Научив да готвам во бременоста, немав што да правам, а после Мустафа не сум ... „Немав што друго да правам во блажена состојба и научив да готвам. Се селам на с...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...

Најчитани неделава