„Кралица!“ – Жена стана хит во Белград со кул написот на автомобилот

Србинка, која е почетник во возење, за да се справи со хаосот на белградските улици, на автомобилот си напишала: „Само што седнав во автомобил, не ми свири, ќе се испаничам, ќе ми се изгаси автомобилот и тогаш ништо не сме направиле“.  Кул потег, зарем не? Вакви написи се потребни и за скопските улици...

kralica-zhena-stana-hit-vo-belgrad-so-kul-napisot-na-avtomobilot-01.jpg

На Твитер кружи фотографија направена во Белград, која поттикна лавина од реакции.

Фотографијата е од автомобил на чие задно стакло Србинка напишала:

„Само што седнав во автомобил, не ми свири, ќе се испаничам, ќе ми се изгаси автомобилот и тогаш ништо не сме направиле“.

Пораката со смајли на крај привлече внимание на многумина и навистина е симпатична и со поента.

kralica-zhena-stana-hit-vo-belgrad-so-kul-napisot-na-avtomobilot-02.jpg

Возењето низ белградските улици знае да биде подеднакво стресно, како и низ скопските, па жената која очигледно е почетник во возењето пронашла одличен начин како барем за нијанса да си го намали стресот.

kralica-zhena-stana-hit-vo-belgrad-so-kul-napisot-na-avtomobilot-03.jpg

И додека неколку „злобни јазици“ ѝ велат дека требала да научи да вози пред да почне да вози, поголемиот дел од луѓето ѝ се огромна поддршка и велат дека е сосема разбирливо што има трема во градскиот метеж ако штотуку добила возачка дозвола.

kralica-zhena-stana-hit-vo-belgrad-so-kul-napisot-na-avtomobilot-04.jpg

„Паметно“, „Ова треба да се почитува“, „Кралица“, „Браво“ се само дел од коментарите за потегот на оваа жена.

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541052644394950656%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fzadovoljna.nova.rs%2Fnjena-prica%2Fzena-hit-porukom-na-kolima-nasmejala-beogradjane%2F

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Хит реакција на оженет српски пејач - откако девојка му даде свој број на ливче, среде настап (видео... „Објасни дека е оженет, ама бројот не го фрли“, гласи еден од коментарите на Тви...
Хит видео: „Заглавените“ патници на Евзони играа оро додека чекаа да влезат во Македонија „Грчките цариници сигурно си велат дека им е забавно, па не се брзаат да ги проп...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Србинка е хит на Инстаграм со шегите за „совршените“ мајкички со „пресовршени“ деца (видеа) На шармантната Марта Ловиќ (34) од Србија мета ѝ се мајките „светици“ кои (навод...
„Ќерка ми ми е најлош клиент, a не ни плаќа“ – Србинка направи „откачено“ генијална торта, на крај д... Србинка објави видео од процесот на изработка на генијална торта за својата ќерк...

Најчитани неделава