Се венчаа на брод среде езеро во уникатни стајлинзи – први фотки од свадбата на НБА кошаркарот Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин во Охрид

НБА кошаркарот Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин го кажаа судбоносното „ДА“ на брод пловејќи по Охридското Езеро, облечени во уникатни свадбени стајлинзи – невестата со шешир, младоженецот со патики и светло одело.

prvi-fotki-od-svadbata-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-i-turskata-akterka-ebru-shahin-vo-ohrid-se-venchaa-na-brod-srede-ezero-vo-unikatni-stajlinzi-foto-01.jpg

Џеди е роден во Охрид и таму ги поминал првите години од својот живот, а по негова и желба на родителите, парот одлучи судбоносното „ДА“ да го кажат токму во овој град, по што на 7-ми јули ќе има и официјална свадбена прослава во Турција.

Тие веќе неколку дена престојуваа во Охрид и се забавуваа со пријателите, а вчера (1 јули) официјално се венчаа на прекрасна свадбена церемонија.

Џеди и Ебру го кажаа судбоносното „ДА“, на брод кој околу два часа пловеше по Охридското Езеро, каде заедно со семејствата и пријателите се забавуваа, а потоа прославата продолжи во локал, каде се пееле турски, српски и македонски песни.

prvi-fotki-od-svadbata-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-i-turskata-akterka-ebru-shahin-vo-ohrid-se-venchaa-na-brod-srede-ezero-vo-unikatni-stajlinzi-foto-02.jpg

Парот беше облечен во уникатни стајлинзи – невестата елегантна во краток фустан со тантела која се влече и шешир, а младоженецот во светло одело со бели патики.

Свадбата е вистинска атракција, па локалните жители од Охрид ги испратија до градското пристаниште.

prvi-fotki-od-svadbata-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-i-turskata-akterka-ebru-shahin-vo-ohrid-se-venchaa-na-brod-srede-ezero-vo-unikatni-stajlinzi-foto-05.jpg

Повеќе фотки од најзборуваната свадбена прослава периодов, која се одржа во Охрид:

prvi-fotki-od-svadbata-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-i-turskata-akterka-ebru-shahin-vo-ohrid-se-venchaa-na-brod-srede-ezero-vo-unikatni-stajlinzi-foto-03.jpg

prvi-fotki-od-svadbata-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-i-turskata-akterka-ebru-shahin-vo-ohrid-se-venchaa-na-brod-srede-ezero-vo-unikatni-stajlinzi-foto-04.jpgфото извор

prvi-fotki-od-svadbata-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-i-turskata-akterka-ebru-shahin-vo-ohrid-se-venchaa-na-brod-srede-ezero-vo-unikatni-stajlinzi-foto-06.jpgфото: simone.kalica

prvi-fotki-od-svadbata-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-i-turskata-akterka-ebru-shahin-vo-ohrid-se-venchaa-na-brod-srede-ezero-vo-unikatni-stajlinzi-foto-09.jpg

prvi-fotki-od-svadbata-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-i-turskata-akterka-ebru-shahin-vo-ohrid-se-venchaa-na-brod-srede-ezero-vo-unikatni-stajlinzi-foto0.jfif.jpg

prvi-fotki-od-svadbata-na-nba-kosharkarot-djedi-osman-i-turskata-akterka-ebru-shahin-vo-ohrid-se-venchaa-na-brod-srede-ezero-vo-unikatni-stajlinzi-foto-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магично запросување во Кападокија, ќе прави свадба во Охрид – Љубовната приказна на НБА кошаркарот Џ... „Таа е вистинската жена за мене... Го знаев тоа истиот ден кога ја видов. Прстен...
Eдна од најатрактивните жени во регионот на 59 години е поим за сексапил на плажа во Охрид (фото) Српската актерка Лидија Вукичевиќ е една од најатрактивните жени во регионот, а ...
„Денес повеќе личиш на старлета, отколку на кошаркарка“ - Фотки на Милица Дабовиќ од младоста ја рас... Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ до неодамна престојуваше во Доминиканската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg