Запознајте ја најмладата и најубава пилотка во Босна и Херцеговина (фото)

„Периодот на обука воопшто не беше лесен. Станувавме уште во 5 часот наутро и ги туркавме авионите од хангарот на пистата...“, раскажува Марија Новиќ (18) од Босна и Херцеговина.

zapoznajte-ja-najmladata-pilotka-vo-bosna-i-hercegovina-foto-01.jpg

Марија Новиќ од Босна и Херцеговина има само 18 години, а веќе има поминато обука за пилот и умее да управува сама со авион.

На само 17 години почнала со обука за летање и по само еден лет сфатила дека летањето е нејзината љубов и дека пилотската кабина е нејзината иднина.

zapoznajte-ja-najmladata-pilotka-vo-bosna-i-hercegovina-foto-03.jpg

Таа е прогласена за најмлада пилотка во историјата на Босна и Херцеговина.

„Практична настава учев во Суботица, а од 7 луѓе кои бевме на обуката, само јас бев девојка.

Периодот на обука воопшто не беше лесен. Станувавме уште во 5 часот наутро и ги туркавме авионите од хангарот на пистата, па моравме да полниме гориво, да ги проверуваме временските услови и низа други обврски.

Мојот инструктор во мене брзо ја препозна способноста за летање, а наскоро имав прв самостоен лет и станав фаворит во класата. Трите месеци летен одмор практично живеев на аеродром и секојдневно летав. Учевме и што да правиме во случај на дефект и како да се приземјиме.

Полагањето за лиценца го имав на 17 години, па официјално во Босна и Херцеговина станав најмлад пилот за приватни авиони со меѓународна дозвола.“

zapoznajte-ja-najmladata-pilotka-vo-bosna-i-hercegovina-foto-06.jpg

Марија вели дека планира да продолжи со летање и наредно желба ѝ е да се запише на обука во Унгарија за да може да вози комерцијални летови, односно да управува со големи, патнички авиони.

Исто така, ќе се запише на Воздухопловна академија, насока контрола на летање.

Сон ѝ е еден ден да работи како пилот на комерцијални летови.

Запознајте на оваа прекрасна млада пилотка:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Како изгледала бившата на Бака Прасе пред да стане позната и да живее луксузно во Дубаи? (фото) Откако раскинаа драматично, Бака Прасе ја обвини дека земала стероиди за да напр...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Бакнежи со Јелена, забава со децата во Грција – Новак Ѓоковиќ ужива на јахта на Миконос и Парос (фот... Додека грчките медиуми пишуваат дека тенисерот бара имот и училиште во Атина за ...

Најчитани неделава