Србија се крена на нозе: Сериски силувач пуштен на слобода – јавноста згрозена од неговото интервју
- Детали
- четврток, 29 септември 2022
„На таквите како тебе местото им е во затвор“ – му порача Марија Шерифовиќ на серискиот силувач кој неодамна беше пуштен на слобода во Србија, а жителите на Белград веќе со денови се во паника заради него. Тој неодамна даде интервју, за кое се крена голем бунт, а во кое се гледа дека затворот не го рехабилитирал и луѓето се плашат дека можеби ќе ги повтори делата.
Српската јавност е згрозена откако серискиот силувач Игор Милошевиќ кој неодамна беше пуштен на слобода даде интервју за порталот informer.rs.
Голем број личности го осудија порталот затоа што воопшто направил видео интервју со таква личност, други пак, го покренуваат прашањето за самите закони и за тоа што треба да се направи за да се воведат промени во законите за побезбеден живот.
Имено, се веруваше дека тој својата прва жртва ја нападнал на возраст од 14 години, а во интервјуто кажува дека всушност тоа се случило кога имал само 10 години.
Тој повеќепати бил во затвор за силувања, а неодамна ја отслужи 15-годишната затворска казна и беше пуштен на слобода. Вестите за неговото ослободување предизвикаа негативни реакции во јавноста.
Со денови наназад на социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од луѓе што го виделе поранешниот затвореник на улица, со цел јавноста да биде информирана каде се наоѓа тој и за да се заштитат, а по објавувањето на интервјуто, се одржаа и протести, но не за промена на законите, туку заради снименото видео интервју.
Од порталот, пак, велат дека целта на интервјуто им била јавноста да се крене на нозе и сите да сфатат дека станува збор за човек кој не е рехабилитиран.
„Масата е запалена! Но тргна во лов на новинарите, наместо да го крене гласот и да бара итно решавање за човекот што е опасен за нашите сестри, мајки, ќерќи да не шета по улиците“ – велат од порталот.
Од друга страна, познатите српски личности пак, ги изразија своите ставови на социјалните мрежи.
На следната страна погледнете какви пораки упатија познатите српски личности:
Би можело да ве интересира:





