Србија се крена на нозе: Сериски силувач пуштен на слобода – јавноста згрозена од неговото интервју

Марија Шерифовиќ објави видео на Инстаграм Стори во кое се гледа дека е видно вознемирена и потресена од тоа што го видела.

„Дали е возможно некој да се потрудил ваквите луѓе да имаат можност да ја раскажат својата приказна, злосторствата и начините на кои ги спроведувале? Дали сте нормални?

Единствената мала, добра работа во сето ова е, тоа што сите вие ќе го видите овој мој мал нервен слом, ќе го споделите видеото, па сите да видат како изгледа болесникот.

Да цркнеш уште вечерва, што не налетам и да те убијам со автомобилот, па да те одлежам како госпоѓа“ – рече брутално таа.

Според неа местото на овој човек е во затвор или во институција, а не на улица.

Од друга страна, пак, Јелена Карлеуша не гледа проблем во тоа што е направено интервју со силувачот, затоа што за вакви настани се прават и многу документарни филмови и серии, но според неа, проблемот е во општеството и во законите, што очигледно треба да се менуваат.

„Внимателно го слушав и го гледав интервјуто што силувачот го даде за Informer. Слушав што зборуваше и меѓу редови... Ова е мојот заклучок.

Под еден, според погледот, говорот на телото, а најпрво по она што го говореше, јасно е дека станува збор за длабоко пореметена личност. Психопат и социопат. Опасен сексуално девијантски предатор.

По она што го говореше, коренот на проблемот потекнува уште од најраното детство кога бил злоупотребуван итн. Исто така, не гледам каење. Значи, опасен бил и останал опасен за општеството. Но, тој човек според законот ја отслужил казната и е слободен.

Што би рекол тој, имам слобода да правам што сакам. А дали ќе правам или нема да правам тоа е друг проблем.

Се поставува прашањето како и зошто да држите во затвор некого што ја одлежал казната. Тука е проблемот во нашиот закон. Сметам дека силувачите треба да бидат казнети со хемиска кастрација.

Државата мора да најде начин доживотно да ги држи под контрола таквите луѓе (а тоа е невозможно) и општеството мора да знае дека затворот не ги менува луѓето. Само физички ги спречува да го прават тоа што го наумиле.

И што е решението?

Повторно повторувам, тој е законски слободен и евидентно пореметен.

Тоа што даде интервју за Informer јас не го гледам како важен проблем затоа што на Netflix постојано гледам документарни филмови каде се интервјуираат масовни убијци, злосторници итн. Ништо ново, ниту шокантно.

Ако слушавте внимателно, овој предатор е на улица. Гладен затоа што нема пари, нема каде да спие. Тој во овој живот има само две опции – самиот да си го одземе животот или да се снајде само така како што знае.

Е тука е вистинскиот проблем. На слобода е болен и опасен човек. Гладен, очаен и подготвен на сè.

Единствено решение е хемиска кастрација и програма за интегрирање во некакво општествено функционирање на ваквите луѓе. Инаку, ќе го повтори делото и повторно ќе излезе за неколку години“– вели таа.

srbija-se-krena-na-noze-seriski-siluvatel-pushten-na-sloboda-javnosta-zgrozena-od-negovoto-intervju-02.jpg

Инаку, на социјалните мрежи жителите на Белград масовно споделуваат фотографии и видеа од него на улица.

Според некои корисници на Твитер, масовното споделување фотографии, наместо мерка на претпазливост, само им создава дополнителен стрес.

„Константно ми излегува каде бил фотографиран Игор Милошевиќ и јас не можам да го поднесам тој стрес. Подобро да не знам отколку да се плашам во секој дел од градот“ – стои во еден твит.

https://twitter.com/svejasvemeni6/status/1574313552592109572

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Во ромското село Драгиње во Србија парите не се проблем - сите имаат: Луксузните куќи го одземаат зд... Куќи со по 30 соби, фасади што светкаат на сонце, дворови украсени со гипсени ла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg