Србија се крена на нозе: Сериски силувач пуштен на слобода – јавноста згрозена од неговото интервју

„На таквите како тебе местото им е во затвор“ – му порача Марија Шерифовиќ на серискиот силувач кој неодамна беше пуштен на слобода во Србија, а жителите на Белград веќе со денови се во паника заради него. Тој неодамна даде интервју, за кое се крена голем бунт, а во кое се гледа дека затворот не го рехабилитирал и луѓето се плашат дека можеби ќе ги повтори делата. 

srbija-se-krena-na-noze-seriski-siluvatel-pushten-na-sloboda-javnosta-zgrozena-od-negovoto-intervju-01.jpg

Српската јавност е згрозена откако серискиот силувач Игор Милошевиќ кој неодамна беше пуштен на слобода даде интервју за порталот informer.rs.

Голем број личности го осудија порталот затоа што воопшто направил видео интервју со таква личност, други пак, го покренуваат прашањето за самите закони и за тоа што треба да се направи за да се воведат промени во законите за побезбеден живот.

Имено, се веруваше дека тој својата прва жртва ја нападнал на возраст од 14 години, а во интервјуто кажува дека всушност тоа се случило кога имал само 10 години.

srbija-se-krena-na-noze-seriski-siluvatel-pushten-na-sloboda-javnosta-zgrozena-od-negovoto-intervju-03.jpg

Тој повеќепати бил во затвор за силувања, а неодамна ја отслужи 15-годишната затворска казна и беше пуштен на слобода. Вестите за неговото ослободување предизвикаа негативни реакции во јавноста.

Со денови наназад на социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од луѓе што го виделе поранешниот затвореник на улица, со цел јавноста да биде информирана каде се наоѓа тој и за да се заштитат, а по објавувањето на интервјуто, се одржаа и протести, но не за промена на законите, туку заради снименото видео интервју.

Од порталот, пак, велат дека целта на интервјуто им била јавноста да се крене на нозе и сите да сфатат дека станува збор за човек кој не е рехабилитиран.

„Масата е запалена! Но тргна во лов на новинарите, наместо да го крене гласот и да бара итно решавање за човекот што е опасен за нашите сестри, мајки, ќерќи да не шета по улиците“ – велат од порталот.

Од друга страна, познатите српски личности пак, ги изразија своите ставови на социјалните мрежи.

На следната страна погледнете какви пораки упатија познатите српски личности:



Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Во ромското село Драгиње во Србија парите не се проблем - сите имаат: Луксузните куќи го одземаат зд... Куќи со по 30 соби, фасади што светкаат на сонце, дворови украсени со гипсени ла...
Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg