Сања ги критикувала постојано, ќе се спојат само за 50.000 евра – откриени причините за распаѓањето на „Ураганките“

„Главната причина заради која веќе не настапуваме заедно е фактот дека ни истече договорот. Меѓутоа, ако некој ни понуди добра цифра, можеме да се споиме и да дојдеме заедно“ – рече Ксенија Кнежевиќ од српската група „Hurricane“. За колкава цифра се работи?

sanja-me-nervirashe-a-mozhe-da-se-spoime-samo-pod-eden-uslov-otkrieno-zoshto-se-raspadnaa-uragankite-01.jpg

Во 2021-ва година српската група „Hurricane“ настапи на Евровизија, по што станаа едни од најпознатите српски групи на Балканот.

Благодарение на атрактивниот изглед и добрата музика, Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ за брзо време станаа мошне познати кај публиката, а ова лето најавија дека планираат да се разделат.

sanja-me-nervirashe-a-mozhe-da-se-spoime-samo-pod-eden-uslov-otkrieno-zoshto-se-raspadnaa-uragankite-02.jpg

Ивана Николиќ важеше за најатрактивна меѓу трите девојки, а деновиве ја објави првата песна од својата соло кариера, насловена Ispočetka, а видеоспотот за оваа песна, во само еден ден има над 445.000 прегледи.

Додека голем број од нивните обожаватели сакаат трите девојки повторно да се обединат и да настапуваат заедно, во гостувањето во емисијата „Амиџи Шоу“, Ксенија Кнежевиќ појасни дека главната причина заради која одлучиле да се разделат е тоа што им истекол договорот.

„Главната причина заради која веќе не настапуваме заедно е фактот дека ни истече договорот. Меѓутоа, ако некој ни понуди добра цифра, можеме да се споиме и да дојдеме заедно“ – рече Ксенија во таа прилика.

sanja-me-nervirashe-a-mozhe-da-se-spoime-samo-pod-eden-uslov-otkrieno-zoshto-se-raspadnaa-uragankite-03.jpg

Таа призна дека имало недоразбирања помеѓу девојките и дека Сања ја нервирала повеќе од Ивана затоа што постојано ја критикувала заради доцнењето.

sanja-me-nervirashe-a-mozhe-da-se-spoime-samo-pod-eden-uslov-otkrieno-zoshto-se-raspadnaa-uragankite-04.jpg

Српските медиуми, пак, повикувајќи се на сопствени извори пишуваат дека главна причина заради која се распаднаа „Ураганките“ се парите.

Додека работеле заедно наплаќале по 30.000 евра од настап, а сега одлучиле таа цена да порасне на 50.000 евра од вечер за заеднички настап, а сите три атрактивни девојки се уверени дека може да заработат многу повеќе пари од оваа поделена сума, доколку се сконцентрираат на соло кариера.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Бресквица има нов дечко, откако раскина со бившиот по 5 години врска и гласините за афера со Лука До... Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, но и покрај гласините за...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава