Сопругата на Харис Џиновиќ за разголените фотографии на ќерката Џина: „Како мајка тешко го поднесувам тоа што го прави“

„Како мајка, тешко го прифаќам тоа, воопшто не ми се допаѓа новото доба и начинот на којшто сето тоа се следи и не сум задоволна“ – вели Мелина, сопругата на фолк пејачот Харис Џиновиќ, за разголените фотографии и видеа на нејзината ќерка.

soprugata-na-haris-djinovikj-za-razgolenite-fotografii-na-kjerkata-djina-kako-majka-teshko-go-podnesuvam-toa-shto-go-pravi-01.jpg

Џина Џиновиќ (17) е ќерка на познатиот фолк пејач Харис Џиновиќ (71) и неговата 31 годинa помлада сопруга Мелина (40), а во последно време младата девојка го привлекува вниманието со разголените фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.

Како голем број млади луѓе, Џина сака на социјалните мрежи да го покаже своето совршено тело и новата облека, а неретко е мета на критики затоа што премногу се разголува и покажува повеќе отколку што е потребно.

Претходно, нејзиниот татко Харис даде изјава за медиумите и кажа дека тој се обидува да не ѝ се меша во животот на ќерката и дека воопшто не следи што објавува таа на Инстаграм.

Како што рече, воопшто не му паѓало на памет да следи како таа ги „напрчила усните и го истакнала задникот“.

Сопругата на Харис, Мелина е позната модна дизајнерка чии креации ги носеле голем број славни личности (Џеј Ло, Рита Ора, Парис Хилтон), но неодамна за медиумите изјави дека како родители воопшто не им е лесно со Џина.

„Како мајка тешко се носам со тоа. Повторно нагласувам, воопшто не ми се допаѓа новото доба и начинот на кој што сето тоа се следи во медиумите и не сум задоволна. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но мошне тешко се бориме со тоа и не се согласуваме. Тешко се навикнуваме, во таков период сме“ – рече Мелина во изјава за медиумите.

Прочитајте и Од скромна девојка стана дизајнерка на славните – сопругата на Харис Џиновиќ прави креации за Џеј Ло и Лонгорија

Инаку, освен на Инстаграм, Џина е мошне популарна и на ТикТок, каде редовно објавува видеа и фотографии во кои во прв план е нејзиното совршено тело.

Погледнете дел од нив:

@djinadzinovic

danas smo cute

♬ som original - ⋆

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Сопругата на Пеџа Јовановиќ, со кого се разведе 2 пати, е бикини божица на Малдиви: „Имам 3 деца, но... „Сакам да бидам подобар татко и подобар човек, затоа престанав да пијам“, вели П...

Најчитани неделава