Николина Пишек не успеа да ги скрие емоциите пред камерите: „Вдовица сум, а сите ме обвинуваат“ (видео)

„Што и да направам и како и да се поставам јас ќе дочекам некоја осуда, од некоја страна“ – вели Николина Пишек. Искусната водителка, овојпат не успеа да ги скрие емоциите пред камерите додека говореше за тоа како се носи со смртта на сопругот.

nikolina-pishek-ne-uspea-da-gi-skrie-emociite-pred-kamerite-vdovica-sum-a-site-me-obvinuvaat-video-01.jpg

Водителката Николина Пишек Ристовиќ (46) зад себе има долгогодишно искуство пред малите екрани, но додека гостуваше во една емисија на хрватската UNA TV, не успеа да ги скрие во целост емоциите кога говореше за смртта на нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ.

„Простете, но мене малку ми трепери гласот“ – рече Пишек пред да почне да зборува.

nikolina-pishek-ne-uspea-da-gi-skrie-emociite-pred-kamerite-vdovica-sum-a-site-me-obvinuvaat-video-02.jpg

Потоа ѝ беа потребни неколку моменти за да го собере мислите и да го каже она што го мисли, додека во позадина се слуша водителката како ѝ вели: „Ве разбираме, само полека...“

„Што и да направам и како и да се поставам јас ќе дочекам некоја осуда, од некоја страна. Така што мислам дека во таа позиција вдовица, во која истовремено треба да се носам со страшна загуба, јас се чувствувам како да носам некаква вина, како да имам некаква вина, како нешто да сум згрешила“ – вели Николина во видеото.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by UNA TELEVIZIJA (@unatelevizija)

Инаку, Николина за првпат јавно говори за смртта на сопругот во нејзината емисија Donna што ќе се емитува на хрватската UNA TV, а првата емисија ќе им биде на тема: „Дали има живот за жените на Балканот по смртта на сопругот“.

За потсетување, сопругот на Николина, Видоје Ристовиќ почина во мај годинава на 44-годишна возраст. По смртта на сопругот, Николина е во постојана медиумска војна со таткото на Видоје.

Прочитајте и Свадбата во Монте Карло чинела 400.000 долари, сака скапи часовници – кој е сопругот на хрватската заводничка Николина Пишек?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Николина Пишек се смири со свекорот, кој ѝ забрани да влезе во станот во Белград каде што живееше со... Најголемиот спор меѓу хрватската водителка и таткото на нејзиниот починат сопруг...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош: „Имаше мажи кои не знаеја дека сум ... „Имаше мажи кои не знаеја дека сум го променила полот. Генерално, кога врската ќ...
Азис објави прва фотка од сопругот, откако се омажи во САД и ги покажа бурмите Азис зад себе има еден истополов брак во Бугарија, но тој не е признат со законо...

Најчитани неделава