„Ова сум јас, со сите мани“ - Моќното видео од најпознатата српска инфлуенсерка, кое го споделуваат и Македонките

„Јас сум Дуња и имам 33 години и некогаш сум многу задоволна како изгледам, но некогаш на себе си изгледам набиено, имам кратки нозе, не ми се допаѓа лицето како ми изгледа, косата не ме слуша, имам акни, но и во тие мигови се трудам да не живеам во сменета реалност...“, ја започнуива моќната објава Дуња Јованиќ (Imfashionbabe).

ova-sum-jas-so-site-mani-mokjnoto-video-od-najpoznatata-srpska-influenserka-koe-go-spodeluvaat-i-makedonkite-01.jpg

Дуња Јованиќ е српска инфлуенсерка со повеќе од 350.000 следбеници, меѓу кои има и многу девојки и жени од Македонија.

Дуња сними видео во кое отворено говори како го прифаќа својот природен изглед и е против користењето на филтри на социјалните мрежи, затоа што тоа носи психички нарушувања.

Во нејзините зборови има навистина моќна порака, а тоа го препознаа многу Македонки, кои вирално го споделуваат видеото на Инстаграм.

Нејзиното обраќање до следбениците гласи:

„Ова сум јас. Ова сум јас. Ова сум јас... Јас сум Дуња и имам 33 години и некогаш сум многу задоволна како изгледам, но некогаш себе си изгледам набиено, имам кратки нозе, не ми се допаѓа лицето како ми изгледа, косата не ме слуша, имам акни, но и во тие мигови се трудам да не живеам во сменета реалност.

Во денешно време на социјалните мрежи во само 3 чекори можете да го промените личниот опис. Да го намалите носот, да ја зголемите устата, да ги издолжите нозете и со тие 3 чекори повеќе да не личите на себе.

Но, со тие 3 чекори може да дојде до нарушување кое се нарекува „Сепчет дисморфија“

ova-sum-jas-so-site-mani-mokjnoto-video-od-najpoznatata-srpska-influenserka-koe-go-spodeluvaat-i-makedonkite-07.jpg

Дисморфија е неспособност за објективно прифаќање на својот физички изглед. Тоа значи дека сликата која ја гледаме во огледало, не е иста со онаа која ја прикачуваме на Инстаграм и тоа што не се исти тие две слики навистина ве фрустрира.

Со време ова се претвора во опсесивна преокупација со физичкиот изглед и со недостатоците кои ги гледаме во огледалото, нешто што е познато како телесно дисморфно нарушување, од кое пати 2.4 проценти од популацијата и бројката расте од ден на ден.

ova-sum-jas-so-site-mani-mokjnoto-video-od-najpoznatata-srpska-influenserka-koe-go-spodeluvaat-i-makedonkite-05.jpg

И затоа те молам немој да користиш филтри.

Ова сум јас. Со сите предности, мани и сè она што е зад мене, но кога ќе се погледнам во огледало или во овој телефон јас се гледам себе, а сега сакам да те видам тебе.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
„Не сакаше ни да готви, ни да работи“: Ненад Кнез првпат прозборе за разводот со мајката на Ксенија ... „Со тогашната сопруга долго имавме несогласувања. Еден од проблемите беше што не...
Првата девојка го изневери со колега, игра со Рајан Рејнолдс во Deadpoоl – Што знаеме за Стефан Капи... Поминувал време со волци за да може подобро да ја долови улогата на Могли, има у...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg