Дечкото на Анастасија Ражнатовиќ во секс скандал – Српските фудбалери наводно спиеле се сопругите на колегите

„Не е првпат ова да се случува. Никогаш не сум се огласувал, но сега морам да реагирам“ – рече српскиот фудбалер Душан Влаховиќ. Светските медиуми пишуваат дека лошите резултати на српската репрезентација на СП во Катар се должат на нетрпеливост меѓу фудбалерите кои се најдоа среде секс скандал.

seks-skandal-ja-trese-srpskata-fudbalska-reprezentacija-dechkoto-na-anastasija-razhnatovikj-spiel-so-sopruga-na-kolega-01.jpg

Откако вториот натпревар што Србија го одигра на Светското Првенство во Катар заврши со нерешен резултат, дел од светските новинари започнаа со шпекулации дека во таборот на фудбалерите владее нетрпение и тензија заради наводните афери што некои од нив ги имале со сопругите на нивните колеги.

Според англискиот новинар Ричард Вилсон, фудбалерот од кого се очекуваше најмногу на ова првенство, Душан Влаховиќ, добил споредна улога за време на првенството заради секс скандал со сопругата на негов колега од репрезентацијата.

Наводно, ова е причината заради која на вториот натпревар против Камeрун, Влаховиќ остана на клупата за време на почетокот на натпреварот, иако не е повреден, а натпреварот не заврши со посакуваната победа, туку со нерешен резултат од 3:3.

seks-skandal-ja-trese-srpskata-fudbalska-reprezentacija-dechkoto-na-anastasija-razhnatovikj-spiel-so-sopruga-na-kolega-02.jpg

Низ светските медиуми брзо се прошири веста дека Влаховиќ, наводно спиел со сопругата на неговиот колега од репрезентацијата, голманот Предраг Рајковиќ, за време на тренинг кампот, што предизвикало нетрпеливост во соблекувалната помеѓу фудбалерите.

seks-skandal-ja-trese-srpskata-fudbalska-reprezentacija-dechkoto-na-anastasija-razhnatovikj-spiel-so-sopruga-na-kolega-03.jpg

Дополнително, истиот новинар, повикувајќи се на блиски извори до фудбалерите, пишува и за наводна нетрпеливост помеѓу дечкото на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ и Лука Јовиќ. 

seks-skandal-ja-trese-srpskata-fudbalska-reprezentacija-dechkoto-na-anastasija-razhnatovikj-spiel-so-sopruga-na-kolega-04.jpg

Наводно, Гудељ спиел со сопругата на Јовиќ, Софија Милошевиќ, што предизвикало влошени односи помеѓу колегите во репрезентацијата и тоа придонело за уште поголем раздор во таборот на српските фудбалери.

seks-skandal-ja-trese-srpskata-fudbalska-reprezentacija-dechkoto-na-anastasija-razhnatovikj-spiel-so-sopruga-na-kolega-05.jpg

Прочитајте и Златан Ибрахимовиќ, Душан Тадиќ: Дел од најатрактивните фудбалери во региoнот во разголено издание

По вестите објавени во медиумите се огласи и Душан Влаховиќ кој ги коментираше пишувањата како измислици.

„Жал ми е што вака морам да ја започнам прес конференцијата на Мундијалот. Сметам дека нема потреба да говорам премногу, туку дека треба да реагирам и да се огласам затоа што се работи за мене и за моето име.

Работите што ги читаме се сериозни глупости и небулози.

Тоа го прават луѓето на кои им е здодевно и што немаат што да прават во слободното време затоа што се искомплесирани, злобни, лути на некого. Очигледно работат против интересите на репрезентацијата.

Атмосферата никогаш не била подобра, обединети сме, ништо не се промени. Сакам да го заштитам интегритетот на моето име и ќе се бранам правно ако треба.

Не е првпат ова да се случува. Никогаш не сум се огласувал, но сега морам да реагирам“ – рече Влаховиќ.

Инаку, сопругата на голманот на српската репрезентација, Ана Рајковиќ, е поранешна манекенка која ѝ стана позната на српската јавност заради кратката врска со Вељко Ражнатовиќ, а Софија Милошевиќ, која наводно спиела со дечкото на Анастасија Ражнатовиќ, е најпознатата српска манекенка која досега се фотографирала за голем број светски модни списанија.

Во моментов на Мундијалот во Катар се присутни и Ана и Софија, но и девојката на Гудељ, Анастасија Ражнатовиќ.

Погледнете неколку нивни фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Пред секс скандалот во Катар имаше гласини за афера со сопругот на Јелена Карлеуша, се сликала за „П... Беше верена со синот на Лепа Брена, гласини за афера со сопругот на Јелена Карле...
Анастасија Ражнатовиќ доби букет од 101 роза за 6 месеци врска + објави први фотки со дечкото кај ко... „Врската не е на далечина, јас често сум во Шпанија, доаѓам во Србија кога имам ...
Пред Анастасија Ражнатовиќ бил во врска со друга српска пејачка, заработил милиони од фудбал – Факти... Син е на познат српски фудбалер, гласини дека имал афера со свршеницата на колег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg