Беше свршена со Вељко Ражнатовиќ, српските фудбалери наводно се скараа заради неа – Што знаеме за Ана Рајковиќ?

„Пред да почне врска со сопругот, требало да ѝ го мести на другарка, а јавно се потпишуваше со името госпоѓа Ражнатовиќ додека беше во врска со Вељко“ – Која е Ана Рајковиќ, жената што наводно предизвика раздор во српската репрезентација?

beshe-svrshena-so-veljko-razhnatovikj-segashniot-soprug-go-mestela-na-drugarka-koja-e-zhenata-zaradi-koja-srpskite-fudbaleri-se-vo-vojna-01.jpg

Секс скандалот во српската фудбалска репрезентација привлече огромно внимание пред Србија да го одигра конечниот натпревар што е одлучувачки дали репрезентативците ќе продолжат понатаму на Светското првенство во Катар.

Се чини дека во средиште на сите скандали е сопругата на голманот Предраг Рајковиќ, Ана за која се тврди дека имала афера со колегата на нејзиниот сопруг Душан Влаховиќ.

Ана во моментов е во Катар, каде од трибините ќе му даде поддршка на својот сопруг Предраг Рајковиќ, а по големиот број пишувања како во светските, така и во регионалните медиуми, таа објави своја фотографија на Инстаграм до која коментираше за написите:

„Љубоморните секогаш измислуваат приказна, глупавите ја шират понатаму, а идиотите веруваат во неа.“

Која е Ана Рајковиќ, сопругата на српскиот голман?

Пред да стапи во брак со Предраг Рајковиќ, Ана беше позната во српската јавност со нејзиното моминско презиме, како Ана Цакиќ. За неа се знае дека работеше како манекенка, но не привлекуваше толку внимание со сопствената кариера, колку што тоа го правеше со изборот на партнери.

Пред да стапи во брак со Рајковиќ, таа му беше свршеница на синот на фолк-дивата Цеца Ражнатовиќ, Вељко. Во овој период Ана редовно на социјалните мрежи споделуваше нивни заеднички фотографии, а себеси се нарекуваше госпоѓа Ражнатовиќ.

Пред да биде во врска со Вељко, Ана беше во врска со уште еден познат српски фудбалер. Во 2014-та година таа привлекуваше внимание заради врската со Срѓан Мијаловиќ, фудбалерот на Црвена звезда.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Ана Бекута исвиркана во Чачак - Граѓани ја гаѓаат со топки снег, пее од комбе за да го заврши концер... „Срам да ви е! Имате ли мајка? Имате ли сестра? Имате ли баба? Каде е полицијата...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава