Сопругата на српскиот голман за секс скандалот во Катар: „Аферата ми ја наместија затоа што отпуштив една вработена, но кармата им враќа“

„Многу сум разочарана што приказната започна од една жена што ја сметав за блиска, но таа ме научи дека покрај такви пријателки, не ми требаат непријатели“ – сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ не се откажува од одмаздата за оние што, според неа, ѝ ја наместиле аферата за да ѝ го разорат бракот.

soprugata-na-srpskiot-golman-po-seks-skandalot-vo-katar-aferata-mi-ja-smestija-zatoa-shto-otpushtiv-edna-vrabotena-no-karmata-im-vrakja-01.jpg

Сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ, Ана, се најде среде секс скандал за време на Светското првенство во Катар, кога сите светски медиуми пишуваа за наводен раздор во српската фудбалска репрезентација кој настанал заради аферите на играчите со сопругите и девојките на нивните колеги.

Во тој период најмногу се пишуваше за сопругата на голманот Предраг Рајковиќ, Ана, која наводно имала афера со фудбалерот Душан Влаховиќ.

Додека повеќето веќе и заборавија на пишувањата од пред речиси 2 месеца се чини дека убавата Србинка нема намера да им прости на оние што според нејзините зборови „ѝ ја наместиле аферата“.

Ана непосредно по избувнувањето на скандалот откри дека знае кој стои зад тоа и дека целта на оваа личност била да ѝ го разори бракот.

„Оваа тврдина е невозможно да ја срушите. Многу сум разочарана што приказната започна од една жена што ја сметав за блиска, но таа ме научи дека покрај такви пријателки, не ми требаат непријатели.

Инстант пријателствата се многу лоши животни потези и сигурно нема да ги повторам. Ако ништо друго, тие не успеаја, а јас ја научив добро лекцијата“ – рече таа за српските медиуми.

https://www.instagram.com/p/Cm2ZBQYLs-I/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа додаде дека тие истите „пријателки“ по скандалот барале од неа да премолчи и да им прости, но открива дека нема намера да го стори тоа, затоа што сакала секоја лага да излезе на виделина.

Ана неодамна даде уште една изјава за медиумите во Србија па појасни дека аферата ја измислиле затоа што сакале да ѝ се одмаздат затоа што отпуштила една вработена од нејзиниот бизнис.

„На Твитер постојат голем број лажни профили што пишуваат сѐ и сешто... Добро, на крај откриено е кој стои зад нив, но лажните профили креираа афера што никогаш не се случила. Пријавив во полиција сѐ и така веднаш открив за кого се работи, така што сега полицијата ќе се занимава со тоа“ – рече Ана.

https://www.instagram.com/p/Cm2HiOPLYUQ/?utm_source=ig_web_copy_link

Дека сопругата на српскиот голман не се откажува од својата одмазда говори и фактот што таа сѐ уште објавува фотографии и содржини на социјалните мрежи во кои им упатува пораки на оние што сакале да ѝ го разорат бракот:

„Кармата е кога другите сакаат да ги срушат твоите ѕидови, па потоа истите (ѕидови) ќе паднат врз нив“ – напиша таа до најновиот серијал фотографии на кои е заедно со сопругот и синовите.

Прочитајте и Беше свршена со Вељко Ражнатовиќ, српските фудбалери наводно се скараа заради неа – Што знаеме за Ана Рајковиќ?

Повеќе фотографии од Ана и Предраг на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Ана Николиќ задоцни 3 часа на роденденот на ќерката, дојде со флеки на колената: „Ќе направам сѐ за ... „Тара е скромна на мене, бараше да ѝ купам кристални фигури од сите можни животн...
Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патува... Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се...
Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg