По бурната врска со Војаж, гласини дека српската пејачка Бресквица се свршила – Кој е нејзиниот нов мистериозен дечко?

„Изгледа како повозрасен и набилдан Војаж“ – велат во коментарите обожавателите на српската пејачка Ангела Игњатовиќ Бресквица по видеото во кое се гледа новиот дечко на пејачката со кого наводно се верила. Со каков дечко го замени Бресквица, Војаж?

po-burnata-vrska-so-vojazh-glasini-deka-breskvica-se-svrshila-koj-e-nejziniot-nov-dechko-chijshto-identitet-go-krie-01.jpg

Пејачката Ангела Игњатовиќ Бресквица (21) е една од омилените српски пејачки кај помладата публика, која се прослави благодарение на дуетот што го направи со нејзиното поранешно момче Михајло Веуровиќ Војаж „Vrati me“.

Бресквица и Војаж беа три години во врска, па честопати ги викаа српските Селена Гомез и Џастин Бибер, а нивното раскинување беше тешко прифатено кај тинејџерската публика во регионот.

Сега, се чини дека Ангела продолжи со својот живот и решена е цврсто да продолжи да ја гради својата кариера. Така, пред само неколку дена ја објави песната „Loš“, а од објавите на Инстаграм може да се види дека веќе има и нов дечко.

Таа на Инстаграм Стори објави фотографија на која во лифт се бакнува со новиот дечко, а со оглед на тоа што стави емотикон со прстен на фотографијата, многумина коментираат дека пејачката најверојатно сака да навести дека се свршила.

po-burnata-vrska-so-vojazh-glasini-deka-breskvica-se-svrshila-koj-e-nejziniot-nov-dechko-chijshto-identitet-go-krie-03.jpg

Инаку ова не е првпат таа да објави ваква фотографија со сличен емотикон.

po-burnata-vrska-so-vojazh-glasini-deka-breskvica-se-svrshila-koj-e-nejziniot-nov-dechko-chijshto-identitet-go-krie-02.jpg

Што се однесува до нејзиниот нов дечко, Бресквица се труди максимално да го скрие неговиот идентитет па кога објавува негови фотографии најчесто неговото лице го крие со срциња, но нејзините обожаватели на социјалните мрежи веќе откриваат некои детали за него.

Така на ТикТок неодамна се појави видео на кое се гледа дека нејзиниот нов дечко ја следи како приватно обезбедување на настапите и ја штити од публиката.

@elitna.estrada #elitnaestrada #breskvica #voyage #balkan #fyp #viral #leptir #lutka ♬ original sound - ?????? ???????

Според republika.rs станува збор за извесен Никола С. кој е 8 години постар од неа, а работи во полиција како член на интервентната единица.

„Изгледа како Војаж на стероиди“, „Набилдан Војаж“, „Оваа девојка дефинитивно има свој тип на мажи“ – стои во дел од коментарите под видеото.

po-burnata-vrska-so-vojazh-glasini-deka-breskvica-se-svrshila-koj-e-nejziniot-nov-dechko-chijshto-identitet-go-krie-06.jpg

Прочитајте и Со Војаж беа балканските Селена Гомез и Џастин Бибер, ги молеа да се смират – факти за српската пејачка Бресквица

Погледнете повеќе фотографии од Бресквица во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
„Бев на погреб во Белград, имаш девојка од 27 години лежи и последно збогум - не гледаш партија, ни ... „Кој знае колку луѓе дојдоа. Се чекаше ред. И во тие моменти сè се заборави: пол...
Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на... Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била б...
Јована Пајиќ, која ја поврзуваа со Марија Шерифовиќ: „Не сум спремна за нова љубов, ги одбивам мажит... „Моите другарки ми најдоа стан за да се преселам. Искрено, имам дупка во ме...
„Син ми го опече анемона на Тасос“ - Како изгледа изгореницата и што треба да направите за да се заш... „Синот си играше во песокот, па го опече анемона што ја донел во кофичката“ – ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg