Снимаше разголени сцени во „Јужни ветар“, 7 години е помлада од него – Дали Игор Којиќ има нова девојка по разводот со Северина?

Позната е по разголените сцени што ги сними со Миодраг Радоњиќ во „Јужни ветар“, важи за една од најатрактивните српски актерки, а српските медиуми шпекулираат дека од неодамна започнала врска со поранешниот сопруг на Северина, Игор Којиќ – Што знаеме за Теодора Бјелица?

snimashe-razgoleni-sceni-vo-juzhni-vetar-7-godini-e-pomlada-od-nego-dali-igor-kojikj-ima-nova-devojka-po-razvodot-so-severina-01.jpg

Поранешниот сопруг на хрватската пејачка Северина Вучковиќ, Игор Којиќ изгледа има нова девојка.

По бракот со 16 години повозрасната пејачка, синот на Кеба сега, според гласините, е во врска со 7 години помлада актерка.

snimashe-razgoleni-sceni-vo-juzhni-vetar-7-godini-e-pomlada-od-nego-dali-igor-kojikj-ima-nova-devojka-po-razvodot-so-severina-03.jpg

Во српските медиуми се шпекулира дека Игор Којиќ (35) неодамна започнал врска со Теодора Бјелица (28), која важи за една од најатрактивните српски актерки.

Наводно парот е заедно само околу 2 недели, но како што може да се види од нивните објави на Инстаграм, тие двајца во моментов се заедно на Копаоник.

На Инстаграм Стори двајцата објавија речиси идентични видеа, што многумина ги протолкуваа како сигурен знак дека Којиќ и Бјелица се заедно.

snimashe-razgoleni-sceni-vo-juzhni-vetar-7-godini-e-pomlada-od-nego-dali-igor-kojikj-ima-nova-devojka-po-razvodot-so-severina-02.jpg

Теодора е ќерка на српската актерка Гордана Бјелица, а се шпекулира дека нејзин татко е новинарот Мирослав Лазански.

Нејзината мајка играше во повеќе српски серии, а Теодора тргна по истите стапки и веќе имала повеќе улоги во познати серии како „Јужни ветар“ и „Афтер парти“.

snimashe-razgoleni-sceni-vo-juzhni-vetar-7-godini-e-pomlada-od-nego-dali-igor-kojikj-ima-nova-devojka-po-razvodot-so-severina-04.jpg

Во „Јужни ветар“, Теодора привлече внимание со секс сцените со Миодраг Радоњиќ, каде се појави целосно гола, а тоа не беше прв филм каде глумеше без облека. Самата тврди дека ваквите сцени ѝ помогнале во кариерата.

„Имав сцени во ‘Афтерпарти’ и во ‘Јужни ветар’ и дефинитивно ми помогнаа. Но, исто така сметам дека ако некој не вреди, џабе му е да се соблече. Голем број актерки ја почнале кариерата така.

snimashe-razgoleni-sceni-vo-juzhni-vetar-7-godini-e-pomlada-od-nego-dali-igor-kojikj-ima-nova-devojka-po-razvodot-so-severina-05.jpg

Не размислувам премногу за тоа. Не ме шокира. Моето тело е мое орудие за работа, јас ги пренесувам емоциите на гледачите. Не би сакала да му давам толку голема важност за тоа“ – рече таа.

snimashe-razgoleni-sceni-vo-juzhni-vetar-7-godini-e-pomlada-od-nego-dali-igor-kojikj-ima-nova-devojka-po-razvodot-so-severina-06.jpg

Прочитајте и Прво интервју на Игор Којиќ по разводот со Северина: „Еве јавно ги канам Северина и Милан на мојот нареден роденден“

Погледнете повеќе фотки од Теодора:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...

Најчитани неделава