„33 години го чекав ова“ – девојка 4 месеци патувала со велосипед за да го запознае својот татко (видео)

Пред 7 години дознала дека татко ѝ е од Турција, кој по 26 години конечно одлучил да ја побара и да стапи во контакт со неа, а годинава конечно одлучила да тргне на долг пат со велосипед за да го запознае човекот што ѝ дал живот.

33-godini-go-chekav-ova-devojka-4-meseci-patuvala-so-velosiped-za-da-go-zapoznae-svojot-tatko-video-01.jpg

Медлин Хофман (33) патувала 4 месеци со велосипед од Франкфурт, Германија за да го запознае својот татко, Дуран Текин (64) кој живее во градот Кајсери, во централна Турција.

Медлин пораснала во Германија, а во последните години работела како модна дизјанерка во Австралија. Пред 7 години дознала дека татко ѝ е Турчин, но ѝ требало подолго време за да донесе одлука дека конечно да го запознае.

33-godini-go-chekav-ova-devojka-4-meseci-patuvala-so-velosiped-za-da-go-zapoznae-svojot-tatko-video-04.jpg

Минатата година таа одлучила да даде отказ на работното место во Австралија, да се врати во Германија каде пораснала, а во август 2022-ра година го започнала 4-месечното патување до Турција, каде го запознала својот татко.

Таа вели дека сакала да тргне на ова долго патување затоа што сакала да ја открие втората половина од своето потекло и да се пронајде себе.

„Имав измешани емоции затоа што тргнав да го запознам татко ми за првпат. Го чекав овој миг дури 33 години. Четири и пол месеци патував со велосипед за да го доживеам овој момент“ – вели таа.

33-godini-go-chekav-ova-devojka-4-meseci-patuvala-so-velosiped-za-da-go-zapoznae-svojot-tatko-video-02.jpg

Меделин додава дека сака да ја запознае својата втора култура, да го научи турскиот јазик, да слушне турска музика и да проба турска храна.

Во своето 4-месечно патување Меделин поминала низ Франција, Швајцарија, Италија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Грција.

33-godini-go-chekav-ova-devojka-4-meseci-patuvala-so-velosiped-za-da-go-zapoznae-svojot-tatko-video-03.jpg

Татко ѝ, пак појаснува дека во 1973-та година заминал на работа во Германија, каде запознал една Германка со која добил 2 ќерки.

Но, тој и жената одлучиле да се разделат и цели 28 години ги немал видено своите деца, по што се обидел да ги најде и да стапи во контакт со нив.

33-godini-go-chekav-ova-devojka-4-meseci-patuvala-so-velosiped-za-da-go-zapoznae-svojot-tatko-video-05.jpg

Тој вели дека ја сретнал повозрасната ќерка во Германија, но не можел да ја види Меделин која тогаш живеела во далечната Австралија.

Погледнете го видеото од првата средба на таткото и ќерката по 33 години:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...

Најчитани неделава