Дует со Бресквица, кариерата ја започнал во „Ѕвездите на Гранд“ – Кој е Милош Стојковиќ Хени?

Милош Стојковиќ Хени е српски трап пејач кој во моментов е актуелен со дуетот што го сними со Бресквица, „Сава и Дунав“. Песната е вистински хит меѓу помладата генерација, но што знаеме за музичарот кој ја пее оваа песна?

duet-so-breskvica-karierata-ja-zapochnal-vo-dzvezdite-na-grand-koj-e-milosh-stojkovikj-heni-01.jpg

Милош Стојковиќ е роден во 1996-та година во Белград, а иако е многу млад тој е еден од основачите на продуцентската куќа Generacija Zed која стои зад повеќе познати имиња во регионот, како Бресквица, Војаж, Нучи итн.

Досега направил повеќе дуети со Војаж, Едита Арадиновиќ, Бресквица, а внимание привлекуваше и со својата врска со пејачката Марина Цветковиќ, позната како Махрина која беше номинирана во повеќе категории на годинешното доделување на MAC наградите.

duet-so-breskvica-karierata-ja-zapochnal-vo-dzvezdite-na-grand-koj-e-milosh-stojkovikj-heni-02.jpg

Иако денес е мошне популарен меѓу младата генерација со трап и рап музиката што ја прави, Хени својата кариера ја започнал во „Ѕвездите на Гранд“. Како што вели, тој и неговите родители дома го следеле шоуто и тој одлучил да се пријави и да пее.

„Саша Поповиќ само ме погледна и ми рече: ‘Следниот’. Пеев некоја песна од Саша Ковачевиќ и тоа го пеев со слушалки во ушите затоа што не можев да го погодам тонот.

За првпат излегов на сцена, ми удрија светлата од рефлекторите во главата, не знаев каде се наоѓам, збунет го земам микрофонот, го гледам Саша... Ма, хаос. Мислам дека Поповќ си помисли: ‘ма дете, ајде бегај дома’“ – раскажа Хени во една прилика.

duet-so-breskvica-karierata-ja-zapochnal-vo-dzvezdite-na-grand-koj-e-milosh-stojkovikj-heni-03.jpg

Но, тој вели дека тој неуспех не го обесхрабрил да продолжи да се занимава со музика, туку напорно работел за да ги постигне денешните успеси.

Хени се труди максимално да го крие својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но привлекуваше внимание заради врската со пејачката Махрина, а веста дека тие раскинаа беше објавена во голем број од српските медиуми.

duet-so-breskvica-karierata-ja-zapochnal-vo-dzvezdite-na-grand-koj-e-milosh-stojkovikj-heni-04.jpg

Се шпекулираше дека причината за нивната разделба е неверство, но на крај Махрина раскажа што се случило и зошто тие двајца ставиле крај на врската:

„Бевме во врска 2 години со прекини, но тaкавата врска во основа е меч со две острици. Ти во една смисла го имаш него како музичка потпора, не само музичка и емотивна. Се трудев да го слушам затоа што секако има повеќе искуство во оваа работа.

Некогаш и не го слушав но се обидував кај себе да го применам тоа што тој ме советува, а е врзано за музиката. Многу се расправавме за работата, а мислам дека тоа е нормално кога сме во истата професија“ – рече таа.

duet-so-breskvica-karierata-ja-zapochnal-vo-dzvezdite-na-grand-koj-e-milosh-stojkovikj-heni-08.jpg

Инаку на доделувањето на MAC наградите Хени и Марина повторно се појавија заедно.

duet-so-breskvica-karierata-ja-zapochnal-vo-dzvezdite-na-grand-koj-e-milosh-stojkovikj-heni-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Муки е пилот од Босна и Херцеговина – вози јахти, јава коњи, свршеник ѝ е на Тања Савиќ (фото) Тој ја обожава својата работа и на Инстаграм споделува како е „небото да ти е ка...
Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...
Врска со Милена Радуловиќ, докторка му роди ќерка – Бурниот љубовен живот на актерот Радован Вујовиќ За Радован Вујовиќ велат дека е голем заводник кој беше во врска со три познати ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg