Лук Блек е внук на Констракта, таа му ја напишала песната – Се шират „теории на заговор“ поврзани со српскиот претставник на Еврoвизија 2023
- Детали
- понеделник, 06 март 2023
„Секој има право на свое мислење, но не и на ширење невистини“ – стои во еден од коментарите упатени до српската пејачка Маја Николиќ која тврди дека изборот за српски претставник на Евровизија 2023 е наместен само затоа што пејачот е внук на Констракта.
Во саботата (04.03) Србија го избра својот претставник за Евровизија 2023 и додека многумина се задоволни затоа што Лук Блек е избран да оди во Ливерпул, има и такви што сметаат дека целиот избор бил наместен.
Србите, слично како и минатата година, имаат поделени ставови за изборот на 30-годишниот музичар од Чачак да ги претставува на Евросонг 2023.
Дел од српските медиуми и некои српски музичари тврдат дека контроверзниот српски музичар победата ја освоил само затоа што е внук на минатогодишната учесничка Ана Ѓуриќ Констракта, која ја доби наградата за најдобар текст на Евросонг 2022 во Торино за песната In corpore sano.
Српската пејачка Маја Николиќ на својот Инстаграм профил ја објави „вистината“ за тоа како Лук победил на изборот.
Според нејзините тврдења, наводно Лук ѝ се пожалил на Констракта дека постојано му се спие и таа му дала хартија на која бил напишан текстот „Samo mi se spava“.
Наводно таа му дала предлог песната да ја збогати со текст на англиски јазик, а рефренот му го напишала за 3 минути додека тие двајца биле на кафе.
Дел од следбениците на Маја не се сложуваат со нејзините тврдења дека Лук не ја заслужил победата па ѝ напишаа:
„Кој губи има право да се лути и да смислува теории на заговор. Секако дека публиката го изгласа Лук“,
„За вас секоја година ‘Беовизија’ е наместен и однапред испланиран натпревар“,
„Лук сам ја напишал и песната и музиката. Ова видео е полно со измислици. Секој има право на свое мислење, но не и на ширење невистини“,
„Истото го пишувавте и за Констракта, а што направи таа?“ – стои во дел од коментарите.
Пред изборот Констракта јавно го поддржа Лук и ги повика своите следбеници на социјалните мрежи да гласаат за него.
Инаку по победата Лук рече дека е пресреќен и дека не може да поверува дека тој ќе оди на Евровизија.
„Не очекував толку голема поддршка од публиката и му се заблагодарувам на жирито и на луѓето од мојот тим.
Сите сме пресреќни, едвај се воздржувам да не заплачам, да бидам малку нормален“ – рече тој.
На социјалните мрежи се споделува и видеото од моментот кога Лук бавно чекореше кон сцената да ја земе наградата.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Констракта му е идол, се шета со пластичен јастог – Лук Блек e српскиот претставник на Евросонг 2023
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





