Карлеуша ја поддржа, пееше и во „Тома“ - Koja e Зејна, српската пејачка што беше меѓу омилените претставници за Евровизија 2023?

Пееше во познатата српска група LUNA, нејзиниот глас го слушаме на почетокот на филмот „Тома“, а на приватен план е самохрана мајка која има 8-годишна ќерка - Која е Зејна, српската пејачка што важеше за голем фаворит за Евровизија и единствената што според Јелена Карлеуша требало да победи?

sorabotuva-so-darko-dimitrov-peeshe-i-vo-toma-koja-e-zejna-srpskata-pejachka-shto-beshe-megju-omilenite-pretstavnici-za-evrovizija-2023-01.jpg

По завршувањето на српскиот избор за претставник на Евровизија 2023, голем број српски музичари се огласуваат и јасно ги кажуваат своите ставови за победата на Лук Блек и за тоа што мислат за неговата песна.

Меѓу погласните музичари што се огласија по повод ова прашање е и Јелена Карлеуша, која на Инстаграм Стори објави подолг текст во кој ги образложи своите ставови околу овогодинешниот избор на српски претставник за Евровизија 2023.

Според Јелена, единствената пејачка што имаше добра песна за да ја претставува Србија на Евровизија 2023 е Зејна Муркиќ, девојката што настапи последна во финалната вечер и во чијшто тим беше и нашиот музички продуцент Дарко Димитров, a вели дека победа заслужила затоа што песната може да се стави во категоријата world music.

sorabotuva-so-darko-dimitrov-peeshe-i-vo-toma-koja-e-zejna-srpskata-pejachka-shto-beshe-megju-omilenite-pretstavnici-za-evrovizija-2023-06.jpg

Која е Зејна, девојката што остави голем впечаток на натпреварот за српски претставник на Евровизија 2023?

Зејна Муркиќ (36) е српска пејачка со ромско потекло што со пеење и танц се занимава од раното детство, а своите први настапи ги имала на возраст од 10 години.

На 16 години почнала професионално да се занимава со пеење и да настапува.

sorabotuva-so-darko-dimitrov-peeshe-i-vo-toma-koja-e-zejna-srpskata-pejachka-shto-beshe-megju-omilenite-pretstavnici-za-evrovizija-2023-03.jpg

Зејна е ќерка на Бего Муркиќ, познат српски манекен и танчар кој бил мошне популарен во 90-тите години.

Таа завршила средно економско училиште, но одлучила професионално да се занимава со музика.

sorabotuva-so-darko-dimitrov-peeshe-i-vo-toma-koja-e-zejna-srpskata-pejachka-shto-beshe-megju-omilenite-pretstavnici-za-evrovizija-2023-05.jpg

Била дел од шоуто „Операција Триумф“ но многу рано била исфрлена. Сепак, нејзиниот настап бил доволен за да го привлече вниманието на Чеда Чворак од српската група LUNA и да ја покани таа да пее во групата.

Зејна била дел од популарната група во периодот од 2009-та до 2010-та година и снимила два албуми.

По ова почнува соло кариера, а откако објавила поголем број песни, Жељко Јокисмовиќ ја поканил во филмот „Тома“ да ја испее песната на Рушка, која на ромски е насловена „Jag“.

https://www.youtube.com/watch?v=y4HgylW_BZo

Зејна во 2022-ра година се натпреваруваше за да ја претставува својата земја на Евровизија, а годинава настапи со песната Rumba која оригинално била напишана како песна за мјузикл.

Интересно е што аранжманот на песната го правеше нашиот Дарко Димитров и токму тој седеше заедно со неа во зелената соба додека ги чекаа резултатите од гласањето.

На приватен план, треба да се истакне дека Зејна денес е самохрана мајка на 8-годишно девојче Кјара, а преживеала тежок период кога се породила во 8-иот месец од бременоста.

„Јас сум старател на Кјара, ние две живееме заедно. Одржуваме контакт со нејзиниот татко, но толку колку што таа сака и колку што ѝ одговара. Навистина имаме здрав однос и таа здраво расте со изборите што ги има“ – рече во една прилика Зејна.

sorabotuva-so-darko-dimitrov-peeshe-i-vo-toma-koja-e-zejna-srpskata-pejachka-shto-beshe-megju-omilenite-pretstavnici-za-evrovizija-2023-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Јелена Розга за здравствените проблеми: „Шеќерот знае да ми ‘полуди’ додека сум на бина - морам да ј... „Ме ставија на терапија. Всушност, имам инсулинска резистенција и шеќерот ми ‘по...
Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција среде ноќ + Сите нејзини пријави за насилство к... Јелена Карлеуша го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради упад во вилат...

Најчитани неделава