Ексцентричен стил со фустани, откри дека се бори со епилепсија - Музичарот Божо Вреќо од Босна руши стереотипи

Босанскиот пејач на севдалинки, Божо Вреќо, откри дека со години се бори со епилептични напади. Музичарот познат по ангелскиот глас и ексцентричниот стил на облекување призна дека боледува од епилепсија од 18-годишна возраст и дека уште има денови кога му е тешко да се соочи со нападите.

ekscentrichniot-muzichar-bozho-vrekjo-so-godini-se-bori-so-epilepsija-i-denes-se-plasham-koga-kje-pochnat-napadite-01.jpg

Откако Божо Вреќо, познатиот пејач на севдалинки, раскажа дека повремено има епилептични напади, откри дека музиката најмногу му помогнала многу да ги смири нападите.

„Музиката е секогаш на прво место. Но тука е и религијата. Тие две работи ми помогнаа да не размислувам многу за неволјите што ме снаоѓаат.

Кога ќе почнете да го живеете животот без стрес и без да размислувате за тоа што некој мисли, и кога ќе се предадете на својата слобода, тогаш животот е лековит и волшебен“, рече Вреќо за хрватските медиуми.

Иако одамна се соочува со болеста, Вреќо вели дека понекогаш е многу исплашен, бидејќи болеста може да биде опасна ако не се контролира, а во многу случаи е неизлечива.

„Морав да се борам. И сега се борам. Секој момент, затоа што треба да ја контролирате таа болест или таа ќе ве контролира вас. Но, не дозволувам ништо да ми застане на патот.

Чекорам напред, бестрашно, смислата на моето постоење и целиот мој живот е мојата кариера. Во неа наоѓам сила, волја и радост, таа е мојот лек и сè е подредено“, вели тој.

Сепак, епилепсијата порано влијаела лошо и на неговата кариерата. Кога пред неколку години ги напушти подготовките за претставата „Коштана“ на Кокан Младеновиќ, во која требаше да ја игра главната улога, тој откри дека продуцентите сакале да го тужат за нанесената штета.

„Ако ме тужат, ќе тужат човек кој боледува од епилепсија. Настапот ми донесе само стрес, епилептичен напад и тешка здравствена состојба, па сега тоа ми е најважно, да си ги вратам силите“, рече тогаш музичарот со уникатен стил.

Пејачот уште од почетоците на својата кариера привлекува внимание со ексцентричниот моден стил. Најчесто настапува во долги фустани, во штикли, носи шешири, чалми, накит.

Како што се облекува на сцената, таа се носи и приватно.

Божо пред неколку години објави и фотографија од одмор во Макарска во бели монокини, потпрен на карпа и веднаш предизвика лавина коментари.

Едни го поддржуваат неговиот специфичен стил, други со потсмев го нарекуваат босанската Кончита Вурст.

Но, коментарите не му пречат, а тој често знае да каже дека е посилен од сите негативни пораки упатени кон него.

Вреќо растел сам со мајка му и двете сестри, откако татко му починал кога музичарот имал 5 години. Мајка му е сликарка и секогаш го поддржувала да се занимава со уметност.

Тој прво сликал и продавал уметнички дела, а со музика почнал да се занимава сосема случајно.

Никогаш не одел на часови по пеење, ниту пак свирел инструменти, а гласот го вежбал така што следел упатства на интернет.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Бресквица има нов дечко, откако раскина со бившиот по 5 години врска и гласините за афера со Лука До... Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, но и покрај гласините за...

Најчитани неделава