Лила одговара на прашања за дијагнозата: „Ми открија лобуларен карцином тип 2, биопсијата не боли, но е непријатна“

„Ми се појави мала грутка на градата, која што беше третирана како бенигна, но биопсијата покажа дека е малигна. Голема среќа е ако можете да напипате и да видите грутка. За жал, многу често ракот е скриен и ако не правите редовни контроли, може да го откриете многу доцна...“, започнува Лила да ја споделува својата приказна за борбата со ракот.

lila-odgovara-na-prashanja-za-dijagnozata-mi-otkrija-lobularen-karcinom-tip-2-biopsijata-ne-boli-no-e-neprijatna-01_copy.jpg

„Ти си храбра жена, лавица“, „Ти си инспирација“, „Ти си ми утеха, додека поминувам низ истото“ се само дел од коментарите кои секојдневно ги добива Лила Филиповска, откако почна отворено да говори за борбата со ракот на дојката и за тоа како успеала да се избори и сè да остави зад себе.

Сега, сакајќи да им помогне и на други кои ја водат истата битка, Лила отворено одговараше на прашања, кои следбениците ѝ ги поставуваа на Инстаграм, а се однесуваат на дијагнозата со која се соочила.

lila-odgovara-na-prashanja-za-dijagnozata-mi-otkrija-lobularen-karcinom-tip-2-biopsijata-ne-boli-no-e-neprijatna-04.jpg

Лила ги преточува своите искуства како одговор на прашањата од следбениците:

Како се посомнева на болеста и дали претходно правеше редовни прегледи?

„Ми се појави мала грутка на градата, којашто беше третирана како бенигна, но биопсијата покажа дека е малигна.

Да, одев на редовни контроли и истото ви го препорачувам и вам. И секогаш имате право да побарате и второ, па и трето мислење од доктор“.

lila-odgovara-na-prashanja-za-dijagnozata-mi-otkrija-lobularen-karcinom-tip-2-biopsijata-ne-boli-no-e-neprijatna-10.jpg

Кои се симптомите?

„Голема среќа е ако можете да го напипате и да го видите. За жал, многу често е скриен и ако не правите редовни контроли може да го откриете многу доцна.

Раната дијагностика е најважна, затоа што така поголеми се шансите за излекување. Затоа нека не ве мрзи, правете редовна мамографија и ехо и сè што препорачуваат докторите“.

lila-odgovara-na-prashanja-za-dijagnozata-mi-otkrija-lobularen-karcinom-tip-2-biopsijata-ne-boli-no-e-neprijatna-20_copy.jpg

Болеше ли биопсијата?

„Не е пријатна, ама не е болна воопшто. Нема место за страв, испитувањата мора да се направат веднаш. Нема одолговлекување, секој ден е важен и само со позитивна мисла“.

Зошто се одлучи за операција во Турција, а не кај нас?

„Таму отидов по второ мислење. И по средбата со докторот Ајдован знаев дека сакам токму тој да го води моето лечење.

Довербата во докторот е најважна кај пациентот, а неговата одлична репутација и емпатија беа причина плус да се одлучам за тој чекор. Бескрајно сум му благодарна“.

lila-odgovara-na-prashanja-za-dijagnozata-mi-otkrija-lobularen-karcinom-tip-2-biopsijata-ne-boli-no-e-neprijatna-07.jpg

Кој стадиум беше?

„Дијагнозата ми беше Инванзивен лобуларен карцином, стадиум 2А“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...
Лила се забавува во Бодрум - позира на фламинго, ужива на пена-журка на базен, ги покажа извајаните ... Водителката ги насмеа своите следбеници откако на Инстаграм Стори објави фотка н...
Лила Филиповска се врати на работа во хит аутфит со влечки - по патувањето со другарите во Белград „Јас го сакам животот и тој ме сака мене… Едноставно е“, вели Лила Филиповска и ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...

Најчитани неделава