Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лила одговара на прашања за дијагнозата: „Ми открија лобуларен карцином тип 2, биопсијата не боли, но е непријатна“

Примаш ли сега лекарства?

„Сега пијам хормонски таблети, Анастразол еднаш дневно. Ќе ги пијам 5 до 10 години“.

lila-odgovara-na-prashanja-za-dijagnozata-mi-otkrija-lobularen-karcinom-tip-2-biopsijata-ne-boli-no-e-neprijatna-03.jpg

Дали за време на и после хемотерапијата беше/си на посебен режим на исхрана?

„Вечната битка помеѓу докторите и нутриционистите. Многу различни мислења. Некои се за потполна промена, некои не.

За време на хемотерапијата јадев сè, а после тоа бев на медитеранска исхрана, а во моментов сум на вегетаријанска. Сепак, секој организам е различен!“

lila-odgovara-na-prashanja-za-dijagnozata-mi-otkrija-lobularen-karcinom-tip-2-biopsijata-ne-boli-no-e-neprijatna-02.jpg

Ги гледам емисиите и се чудам како се однесуваш како ништо да не било, а било, за жал...?

„Во мојата глава е како да не било! И тогаш и сега!“

Освен паѓањето на косата, имаше ли друг негативен ефект од хемотерапијата?

„Секој реагира индивидуално. Знам жени кои поминуваат без никакви нус појави.

Јас со првите 4 циклуси од хемотерапијата имав гадење, имав апетит, но храната ми имаше ужасен вкус и имав силни мигренозни болки 5-6 дена, кои ме врзуваа за кревет. Другите 4 циклуси беа многу полесни“.

lila-odgovara-na-prashanja-za-dijagnozata-mi-otkrija-lobularen-karcinom-tip-2-biopsijata-ne-boli-no-e-neprijatna-08.jpg

Дали планираш реконструкција на градата?

„Отстранет е делот од градата, кој што бил зафатен и секако потребна е реконструкција. Воопшто не ми се брза со тоа, ништо не ми пречи, ниту несразмерноста, ниту големата лузна, битно ми е да сум здрава.

И, секако, не правам ништо без консултација со докторот“.

Какви прегледи правиш, откако заврши со хемотерапија?

„Задолжително е ехо и мамографија на 6 месеци првите две години и пет скен еднаш годишно.

Сето тоа го направив и ми следува нова контрола во јуни. Јас ги правам и кај нас и во Истанбул“.

Прочитајте и Првиот емотивен говор на Лила Филиповска за борбата со ракот: „Плачев само двапати, периодот на дијагноза ми беше најтежок“

С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм



Би можело да ве интересира:

Лила Филиповска за ракот на дојка: „На син ми му реков - Канцер е, но ќе го средиме, немој да се сек... „Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти ка...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
„Нашата мајка кралица наполни 80 години“ - Лила објави ретка фотографија со мајка ѝ и брат ѝ „За сè што нè научи, за сите совети, тони несебична љубов, за сите сочувани тајн...
Лила скршена од тага по смртта на Андреј ДНК: „Беше насмеан, полн со љубов која ја делеше несебично“ „Со синот на Панчо сме родени на ист ден. Имам дури и една слика како сме потпре...
Лила се забавува со синот во Дубаи - Виолини им свират на увце, уживаат на плажа (фото) „Сфаќам дека ми се исполнија многу молитви и во моментов го живеам животот што г...
Лила по погребот на Зоки Фаци: „Денес те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува, досто... „Знам дека не сакаш патетики, па затоа нема да бидам. Патувај Зоки, патувај таму...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg