Мими Јовановска: „Дојде на свет нашата радост Никола, полот го откривме рано со забава со маскоти“

„Желбата за името Никола ја имавме ние, со благослов од нашите кумови. Нашиот син се роди тежок 3 килограми, во 8:30 часот наутро“, раскажува пејачката Мими Јовановска за CRNOBELO.com за синот кој го доби со музичарот Филип Нуне.

mimi-jovanovska-dojde-na-svet-nashata-radost-nikola-polot-go-otkrivme-rano-so-zabava-so-maskoti-01.jpg

Пејачката Мими Јовановска и нејзиниот сопруг, музичарот Филип Нуне, се остварија во улогата на родители на 09.05.2023.

Mими за CRNOBELO.com открива детали за своето новороденче:

На 9-ти мај на свет дојде нашата радост, која ја очекувавме со нетрпение. Сега сме цело семејство и се молиме на нашата радост да ѝ нема крај.

mimi-jovanovska-dojde-na-svet-nashata-radost-nikola-polot-go-otkrivme-rano-so-zabava-so-maskoti-02.jpeg

Желбата за името Никола ја имавме ние, со благослов од нашите кумови.

mimi-jovanovska-dojde-na-svet-nashata-radost-nikola-polot-go-otkrivme-rano-so-zabava-so-maskoti-05.jpg

Нашиот син се роди тежок 3 килограми, во 8:30 часот наутро.

Уште во првите месеци од бременоста дознавме за полот на бебето и сакавме да го споделиме тоа со нашите најблиски.

mimi-jovanovska-dojde-na-svet-nashata-radost-nikola-polot-go-otkrivme-rano-so-zabava-so-maskoti-04.jpeg

По тој повод организиравме мала забава на која имавме две маскоти бебиња, кои преку игра го открија полот. Потоа следуваа сите останати подготовки за доаѓањето на нашиот син.

Сè помина многу брзо, а сè уште сме во голема радост и неверување дека животот ни ја даде најголемата улога да бидеме родители.

mimi-jovanovska-dojde-na-svet-nashata-radost-nikola-polot-go-otkrivme-rano-so-zabava-so-maskoti-03.jpeg

Господ нека дава ваква радост кај сите. На нашите емоции им нема крај...“

С. С. | Црнобело / фото: Антонио Станков

Би можело да ве интересира:

Maкедонка, што живее во САД, го откри полот на бебето со натпис на куќата и украси во дворот - најср... „Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дозн...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg