Марија Бунда, наша докторка која се соочи со рак на дојка на крајот од 20-тите: „Научив важни лекции“

„Не можам да ви опишам колку не ми се важни веќе материјалните нешта. Една чанта плус или минус - ништо не менува. Бидете среќни со тоа што го имате, бидете среќни дека сте живи“, вели нашата докторка Марија Бунда Калпак за најважните животни лекции што ги научила од битката со ракот на дојка.

nasha-doktorka-za-lekciite-shto-gi-nauchila-od-borbata-so-rakot-porano-se-budev-i-se-nervirav-sega-se-budam-i-se-zablagodaruvam-za-sekoj-den-01.jpg

Нашата докторка Марија Бунда Калпак отворено говори за нејзината борба со ракот на дојката, обидувајќи се да ја подигне свеста за оваа болест. Таа оваа тешка дијагноза ја доби на само 28 години.

Сега, пак, одлучи да сподели кои се најважните работи што ги научила од оваа битка.

Со видео на Инстаграм, д-р Марија споделува важни животни лекции што дефинитивно треба да ги примениме буквално сите, ако сакаме да бидеме среќни.

„Присуствував на еден настан поврзан со женското здравје и ме прашаа – Што смени канцерот во твојот живот, дали има позитивни аспекти на кои можеш да се осврнеш? И сфатив дека да! ИМА!

Ги споделувам за сите кои имате или немате канцер, без разлика, ова се некои работи кои ги научив како последица на оваа болест“, стои во описот.

View this post on Instagram

A post shared by Marija B.Kalpak (@dr.marijabunda)

Лекциите што ги научила докторката и ги споделува во видеото:

„Здраво на сите, ова е видео за сите кои минуваат низ дијагноза канцер, било да е рак на дојка или кој било друг.

Неодамна учествував на настан каде што ме замолија да споделам како таа дијагноза мене ми го променила животот на позитивно.

Нели, сите знаеме... Канцер дијагноза - никој не сака да му се случи. Нешто лошо, нешто тешко, нешто мрачно. На никој не му го посакувам тоа. Но, има некои работи што оваа дијагноза ме научи и затоа сакам да ги споделам со вас. За сите луѓе, кои имате или немате канцер, да ги правите навреме.

Една од тие работи е да го цениме секој ден. Ова е знам многупати кажувано, многу клише звучи. Но, порано се будев и веднаш мислев што треба да направам, ме нервираа работи.

Сега се будам и викам 'Фала ти господе, уште еден ден. Фала. Фала Ги отворив очите, имам тело, дишам, можам да ја варам храната, сè ми функционира. Фала ти'.

View this post on Instagram

A post shared by Marija B.Kalpak (@dr.marijabunda)

Уште на почетокот од дијагнозата слушнав едно видео од Опра Винфри. И Опра Винфри вика дека една од најважните работи што можете да ги научите во животот е да бидете благодарни. Секое сабајле почнав да пишувам gratitude journal (дневник за благодарност).

Пробајтем напишете пет работи за кои сте благодарни секој ден. Некогаш има денови во кои едноставно не ни се станува од кревет или ни е тешко.

Бидете благодарни за воздухот што го дишеме, бидете благодарни за сонцето што изгрева. Бидете благодарни за фамилијата, бидете благодарни за сопругот, сопругата, за дете, мајка, татко, што било. Секој може да најде пет работи за кои е благодарен. Не можам да ви опишам колку тоа прави промени.

Друга работа што ја практикував и претходно, но со канцерот почнав многу повеќе – медитација. Колку е битно и колку е surreal (надреално) и вредно човек да биде сам со себе.

Сам со мислите и едноставно да ја набљудува околината каква што е. Да се дистанцира од џагорот на светот. Медитацијата многу ми помогна и ми овозможи да останам приземјена и ми овозможи да бидам позитивна кога бев 'даун' и кога бев тажна.

Друга работа, прошетките во природа. Никогаш не сакав да одам боса по трева, но сега го обожавам тоа затоа што носи некоја таква смиреност и таква убавина. Така што, за мене, тоа е еден од најголемите дарови на светот – прошетки во природа.

Друга работа – спорт. И ова звучи клише. Сите овие работи ги знаеме.

Но, замислете како е да не можете да станете од кревет после хемотерапија или после терапија или скршеница или што било друго да ви се случи. Да не можете да направите обична вежба.

Вежбајте дури можете, вежбајте кога можете и кога не можете за да бидете во добра форма. Мислам дека тоа прави огромна разлика. Многу е вистина тоа дека во здраво тело - здрав дух.

Една од работите кои ми помогнаа да си ја откријам дијагнозата беше кога вежбав јога и не можев да направам една поза затоа што имав затегнување во еден предел. Така што, ете, благодарна сум на некој начин на јогата. Може да се каже и дека ми го спаси животот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Колку се високи македонските џебни Венери? Од Ноне Неделковска до Јелена Јованова и Викторија Лоба – кои македонски дами не...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Миа Костова - смртта на баба ѝ, Агнеса Органџиева - злобните коментари за разводот: Што ги повредило... „Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И бев свесна дека...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg