Ксенија Николова со фотка од болница по 5-тиот неуспешен обид за ин-витро: „Уморна сум од борбата, но јас останувам среќна индивидуа“

„Уморна сум, уморна од туркање да добијам нешто што Бог не ми го дава. Но, јас останувам пред сѐ среќна индивидуа и жена полна со енергија. Тоа е основата на сѐ што правам“ – Ксенија Николова по петтиот неуспешен обид за ин-витро упати моќна порака до сите жени што се соочуваат со слични ситуации.

ksenija-nikolova-so-fotka-od-bolnica-po-5-tiot-neuspeshen-obid-za-in-vitro-umorna-sum-od-borbata-no-jas-ostanuvam-srekjna-individua-01.jpg

Македонската писателка Ксенија Николова објави фотографија од болница со која откри дека пред две седмици го имала петтиот обид за вонтелесно оплодување, но дека, за жал, и овој обид, бил неуспешен.

За разлика од минатите пати, кога на следбениците им се обраќаше директно во видео, овојпат таа објави кратко писмо на кое во заднина се гледа нејзината рака додека била во болница, со која покажува број 5.

Нејзината објава гласи:

„Драги мои, ја направив оваа фотографија пред две недели, чекајќи да се случи уште еден обид. Петка со раката, си реков, можеби е за среќа, бројот е симболичен за успех.

За жал, и овој обид беше неуспешен. Тоа е болно, тешко и неверојатно мачно да се прифати, но јас сакам да го споделам со вас за да ви посочам нешто што го сфатив вчера, кога повторно по навика голтнав лоши вести.

ksenija-nikolova-so-fotka-od-bolnica-po-5-tiot-neuspeshen-obid-za-in-vitro-umorna-sum-od-borbata-no-jas-ostanuvam-srekjna-individua-02.jpg

Уморна сум, уморна од туркање да добијам нешто што Бог не ми го дава.

Не знам зошто е тоа така, можеби има нешто што треба да се измени, да биде поинаку, може не е вистинското време, не е вистинското место. Но, сигурна сум дека Бог го знае патот најдобро, сигурна сум дека тој има поголем план за целата оваа ситуација.

Затоа, против Божјата волја не треба да се оди и некогаш треба да се помириме со реалноста за да ја промениме и да добиеме нова реалност“ – пишува таа.

View this post on Instagram

A post shared by 𝓚𝓼𝓮𝓷𝓲𝓳𝓪 𝓝𝓲𝓴𝓸𝓵𝓸𝓿𝓪 (@ksenijanikolova)

Но, и покрај неуспешниот обид, Ксенија се труди да остане позитивна и да ја сподели својата приказна со своите следбеници и да ги охрабри сите оние што минуваат низ такви или слични периоди.

Таа сака да им посочи дека не треба да заборават кои се и да не се загубат самите себеси:

„Сигурна сум дека еден ден ќе знам зошто било толку тешко и толку сложено. Сигурна сум дека го одам овој потежок пат со причина.

Но, јас останувам пред сѐ среќна индивидуа и жена полна со енергија. Тоа е основата на сѐ што правам. Сите овие нешта се можеби само околности, кои во други приказни и не би постоеле.

Вистината е дека во ваквите борби им паѓаат маските на сите, па точно се гледа кој е херојот. Почнувам да станувам свесна дека можеби некои работи треба од корен да се изменат за да никнат, нови, убави цветови.

На сите кои водите слични борби ви порачувам – не заборавајте на вас, на вашата среќа, на вашиот мир. Вашето здравје, физичко и ментално е на прво место. Ви го кажувам тоа како сестра, пријателка, блиска.

Трагајќи по нешто, честопати умееме да се загубиме. Тоа е прескапата цена која никој од нас не треба да биде спремен да ја плати“  - напиша таа.

Инаку, Ксенија редовно отворено зборува за својата борба за потомство и редовно споделува статуси и видеа со кои се труди да ги охрабри оние што се соочуваат со слични проблеми во животот.

Во февруари годинава, таа објави видео во кое откри дека се соочила со биохемиска бременост и дека била бремена неколку дена, а потоа се загубило тоа што се нарекувало бременост.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg