Панчо од ДНК со фотографија од болнички кревет: „Не ме мислете, ќе ве малтретирам уште долго“

„Јас сум одличен, сè е во ред, ич да не ме мислите, ќе ве 'малтретирам' уште долго по сè изгледа“, напиша Панчо на Инстаграм, откако објави фотографија од болница.

pancho-so-fotografija-od-bolnica-01.jpg

Владимир Блажев - Панчо од ДНК ги исплаши пријателите и фановите откако на Инстаграм објави фотографија на која лежи од болница, но тој вели дека е добар и да не се грижат за него.

„Голема благодарност до целиот тим на клиниката и за феноменалната грижа и посветеност кон пациентите. Посебна благодарност до Д-р. Христијан Писевски за професионалноста и ажурноста. Мими без тебе ништо, фала ти за сè.

П.С: Јас сум одличен, сè е во ред, ич да не ме мислите, ќе ве 'малтретирам' уште долго по сè изгледа“, напиша Панчо на Инстаграм.

По објавата познатиот музичар доби бројни пораки за брзо закрепнување, и од фановите и од јавните личности.

На негова сметка се пошегува Тамара Тодевска.

„Не удира гром во коприви“, му искоментира таа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат ... „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата в...
За Тања Стојановска времето застанало - со фотка стара 17 години покажа дека не старее „Ретро фотографија, 2009 година“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасн...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...

Најчитани неделава