Голманот Столе Димитриевски на романтично патување со девојката од Шпанија - првпат ја покажа саканата
- Детали
- понеделник, 10 јули 2023
Столе Димитриевски, голманот на македонската фудбалска репрезентација, на својот Инстаграм објави први фотки со својата девојка, Дебора од Шпанија.

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, е на романтично патување низ Европа со девојката Дебора, која е од Шпанија. Парот една седмица беше во Атина, а потоа и на Капри во Италија.
За цело време додека се на патувањето, Столе на Инстаграм споделува фотки и видеа од местата кои ги посетиле летово.

Тој на својот Инстаграм објави и неколку албуми од патувањата.
Па, иако нема заеднички фотки со девојката, меѓу фотографиите на голманот се и две од Дебора – едната направена на Акропол во Атина, а другата додека се на романтична вечера во ресторан на Капри.

Ова се први фотографии што голманот ги објави од неговата девојка.
„Животот е убав“, напиша Столе на фотографиите од Италија.
Дебора, за сега нема споделено фотка со македонскиот голман, но периодов објави неколку видеа на Инстаграм Стори со него.
Од нејзиниот профил на Инстаграм може да се види дека таа е сурферка и љубител на кафе.

И Димитриевски, кој веќе неколку години живее во Мадрид, во јавноста е познат по својата страст кон кафето.
Столе периодов е актуелен во шпанските медиуми, иако фудбалската сезона заврши неодамна.
Според нив, неговиот клуб „Rayo Vallecano“ ќе го раскине договорот со македонскиот голман и дека Столе ќе треба да си најде нов клуб.
Според пишувањата, наводно, „Real Madrid“ бил заинтересиран за него, но тој трансфер пропаднал.

А. Ј. | Црнобело