Дарко од Штип ја запроси девојката во палатата на Џани Версаче во Мајами (видео)

„Отсекогаш Америка била предизвик за нас, но Мајами е посебен град кој никогаш не спие, токму заради посебноста на овој град партнерот го избрал прекрасниот замок, односно куќата на Џани Версаче за запросувањето“ – открива за CRNOBELO.com Андреа од Штип.

darko-od-shtip-ja-zaprosi-devojkata-vo-palatata-na-djani-versache-vo-majami-video-01.jpg

Андреа и Дарко од Штип во моментов уживаат во одмор на Бахамите, по романтичното запросување што тој ѝ го приреди во куќата на Џани Версаче во Мајами.

Андреа (30) по занимање е доктор, а Дарко (34) е директор на приватна здравствена установа, а во врска се 13 години.

darko-od-shtip-ja-zaprosi-devojkata-vo-palatata-na-djani-versache-vo-majami-video-02.jpg

Андреа за CRNOBELO.com сподели повеќе детали за запросувањето и, како што вели, била мошне изненадена и возбудена:

„Отсекогаш Америка била предизвик за нас, но Мајами е посебен град кој никогаш не спие, токму заради посебноста на овој град партнерот го избрал прекрасниот замок, односно куќаta на Џани Версаче (Gianni's At The Former Versace Mansion) за запросувањето.

Секако, дека бев изненадена и доста возбудена“ – вели Андреа.

darko-od-shtip-ja-zaprosi-devojkata-vo-palatata-na-djani-versache-vo-majami-video-03_copy.jpg

Претходно Андреа и Дарко биле на патување низ САД, па така таа воопшто не претпоставувала дека оттаму таа ќе се врати со свршенички прстен.

„Патувањето започна во Њујорк, каде ги посетивме Тајмс Сквер, Статуата на слободата, Емпаер Стејт Билдинг, Бруклин, Централ Парк, Рокфелер центар, Самит Еден Вандербилт (96-ти кат) од каде се гледа целиот град, Менхетн, потоа Вашингтон, Белата куќа и посетата на Њу Џерси.

Потоа, продолживме во Мајами каде ги посетивме Downtown Miami, South Beach, Wynwood, Brickell, Collins Ave, Nikki Beach, a сега моментално сме на Бахами“ – открива таа.

darko-od-shtip-ja-zaprosi-devojkata-vo-palatata-na-djani-versache-vo-majami-video-02_1_copy_copy.jpg

Погледнете го видеото од запросувањето:

Повеќе фотографии од патувањето на Андреа и Дарко на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава