Ледената Македонка Бетика ужива на одмор во Занзибар - танга бикини, дружба со гигантски желки (фото)

„Ако некој ми речеше дека после Лапонија ќе завршам во Африка, сигурно ќе им се изнасмеев и ќе ги прашав дали сте нормални, нема шанси да издржам на тоа жешко“, вели Бетика, позната како ледената Македонка, за одморот во Занзибар.

ledenata-makedonka-uzhiva-na-odmor-vo-zanzibar-tanga-bikini-druzhba-so-zhivotinski-svet-foto-01.jpg

Бети Котовчевска од Ресен, по професија нутриционист, позната е како Бетика – ледената Македонка.

Таа го следи примерот и делото на Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар, кој е светски познат како Ледениот човек (The Iceman) и постојано се изложува на екстремно ниски температури.

На Бетика омилено ѝ е капењето во ледени води, а неодамна повторно беше во својата омилена Лапонија и таму постигна нов личен рекорд.

Сега, Бетика ужива на поинаков начин, овојпат е на релаксирачки одмор на Занзибар, каде се капе во потопли води, поточно во Индискиот океан.

ledenata-makedonka-uzhiva-na-odmor-vo-zanzibar-tanga-bikini-druzhba-so-zhivotinski-svet-foto-02.jpg

Таа ужива со сончање, истражување на островот, но и дружба со животинскиот свет, меѓу кој и гигантски желки стари по повеќе од 150 години.

ledenata-makedonka-uzhiva-na-odmor-vo-zanzibar-tanga-bikini-druzhba-so-zhivotinski-svet-foto-03.jpg

ledenata-makedonka-uzhiva-na-odmor-vo-zanzibar-tanga-bikini-druzhba-so-zhivotinski-svet-foto-05.jpg

Таа на својот Инстаграм профил напиша:

„Ако некој ми речеше дека после Лапонија ќе завршам во Африка, сигурно ќе им се изнасмеев и ќе ги прашав дали сте нормални, нема шанси да издржам на тоа жешко.

Еве ме сега, го уживам секој занзибарски здив и го пронаоѓам балансот на животот.

Кога тргнав бев уплашена и си поставував милиони прашања...

Но, си реков: Ако можам на минусни температури, можам и во топли краишта. И така би! Се чувствувам како во сон, на секој ќош (љ)убавина“.

Прочитајте и Запознајте ја ледената Македонка Бетика - крши мраз и плива, се капела во Лапонија на -33°C (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ледената Македонка Бетика за поплавите во родниот Ресен: „Оваа срушена куќа е во мојата улица, канал... „Поминав до куќите на моите сограѓани, стари изнемоштени лица со солзи во очите ...
Ана Стојанова ужива со сопругот во бич бар во Аланија - во минималистички бикини ја истакна формата ... Кирил ѝ приреди филмско запросување во 2021 година, направија свадба во вила со ...
Бикини со перје, сопругот ја фенира: Љупка Митрова уживаше во луксуз и романтика на Малдиви (фото) Од романтична вечера на плажа со специјална декорација до пливање во танга бикин...
Вирална објава на Македонка: „Ќе заглавиш со маж што ќе те тепа секој ден, а ќе ти викаат ‘Дај му ша... „Ќе заглавиш со некое говедо кое ќе те тепа секој ден, а комшиите ќе си ќутат за...
На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 ев... „Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целос...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава