Александра Шијакоска се појави во елегантен бел аутфит со тантела на настан во Загреб, покрај Николина Пишек

Облечена во бели панталони и палто, под кое се ѕиркаше бралетот од тантела, дополнето со бисери и салонки во златна боја, инфлуенсерката Александра Шијакоска блесна на настан во Загреб, каде што беше и хрватската водителка Николина Пишек.

aleksandra-shijakoska-blesna-vo-belo-na-promocija-na-parfem-od-svetski-brend-na-nastan-vo-zagreb-01.jpg

Инфлуенсерката Александра Шијакоска присуствуваше на регионалната промоција на парфемот на Giorgio Armani, што се одржа во Загреб.

Таа беше дел од големиот моден настан, на кој присуствуваше и хрватската водителка Николина Пишек.

„Кажи Sì (да) на љубовта, силата, слободата, на следењето на соништата. Кажи Sì на животот“, напиша Шијакоска на фотките што ги сподели на Инстаграм.

aleksandra-shijakoska-blesna-vo-belo-na-promocija-na-parfem-od-svetski-brend-na-nastan-vo-zagreb-12.jpg

Александра беше облечена во бела креација од македонската дизајнерка Моника Коцарева – панталони и палто, со долг шал преку едното рамо.

aleksandra-shijakoska-blesna-vo-belo-na-promocija-na-parfem-od-svetski-brend-na-nastan-vo-zagreb-06.jpg

Под палтото се ѕиркаше белиот бралет од тантела. Стајлингот го дополни со бисери и салонки во златна боја, па доби комплименти за изгледот.

aleksandra-shijakoska-blesna-vo-belo-na-promocija-na-parfem-od-svetski-brend-na-nastan-vo-zagreb-07.jpg

На промоцијата во Загреб, Шијакоска беше заедно со инфлуенсерката и нејзина пријателка Ангела Ѓоргиева.

Двете дами, освен што покажаа како си поминале на промоцијата, објавија и неколку фотки и видеа од денот поминат во Загреб.

На промоцијата присуствуваше и хрватската водителка Николина Пишек. Таа за оваа пригода избра розов фустан во форма на сирена, со розово палто во истата боја.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска искрено за мајчинството: „Беше ризично да се породам спонтано поради уредот во ... „Ретко плачам и само блиските знаат што сè сум пребродила со насмевка на лицето,...
Александра Јанева на момински викенд во Белград: „Ми дојдоа другарки што живеат во САД и Европа, си ... Откако лани во ноември пејачката кажа ДА на патувањето во Париз со своето момче,...
Инфлуенсерката Дани Ѓуровска: „Имав асиметрија на брадата, веројатно од лош загриз на вилицата“ Модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска отворено проговори со какви несигурности о...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...
Инфлуенсерката Ксенија Деспотоска: „Поради бременоста, венчаницата ја шиев една недела пред свадба“ „За долгата венчаница од прв ден знаев дека сакам ваков фустан и мислам дека мож...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg