Почина Гоце Арнаудов

pocina-goce-arnaudov-povekjeЛегенда на македонската музика. Еден од најголемите македонски патриоти кој ја претставуваше гордо нашата земја низ целиот свет. Човекот кој...


...знаеше да ги развесели сите – од најмлади до најстари. Човекот кој беше дел од голем број наши убави моменти. Почина Гоце Арнаудов, на 52 годишна возраст. Тој не успеа да ја победи битката со ракот.

Нам ни останува да го помниме по убавите песни кои ни ги остави зад себе и неговиот незаборавен глас.

Кратка биографија

Гоце Арнаудов (1959-2011) е роден во Струмица на 19 август 1959 - 6 декември 2011 година. Тој уште на десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.

Во 1994 година на Фолк фест - Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освојува сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. До ден денешен Гоце Арнаудов има запишани преку 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија[1]. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостува на публиката во Европа , Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица , Арнаудов прави концерт на стадионот и собира 10 илјади публика, а раководството на областа му дава награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

pocina-goce-arnaudov

Лесна му земја, нека почива во мир.

Би можело да ве интересира:

Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Александра Шијакоска и сопругот блескаат на 15 години од матура - Oд партнери во средно до љубов до ... Заедно поминаа многу, таа – Македонка, тој – Албанец, нивната љубов не била приф...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Почина актерот Лазе Манасков, најпознат по улогите во „Трст виа Скопје“ и „Исцелител“ „Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе М...
Стефан и Мартин од „Некст тајм“ уживаат во Виена - тон љубов од таткото и чичкото за малата Лиана Лиана е центарот на светот на Мартин, но и Стефан не крие дека ја обожава својат...
Исповед на Македонка: „Кога ми е најтешко, мајка ми секогаш ми повторува исти зборови - кои се тие?“ „Главата се наведнува само пред Бога. Пред никој друг. Децата ти се на прво мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg