„Завршивме со снимање во 23 часот, за неполни 7 часа те снема“: Весна Петрушевска емотивна на годишнината од смртта на Тоше

„Секој 15-ти октомври е ист. Завршивме со снимање околу 23 часот. За неполни 7 часа те снема. Сакам да мислам на тебе зашто тогаш чувствувам дека си жив некаде, макар и во мојата глава. Тагата е љубов што не сакам да ја оставам. Тебе нема никогаш да те оставам. Те сакам, твоја Бејби“, напиша актерката Весна Петрушевска и со многу емоции се сети на последната средба со Тоше Проески.

koga-mislam-na-tebe-chuvstvuvam-deka-si-zhiv-nekade-vesna-petrushevska-emotivna-na-godishninata-od-smrtta-na-toshe-01.jpg

Денес, 16 октомври 2023, се навршуваат 16 години од смртта на Тоше Проески, кој во раните утрински часови загина на автопатот во близина на Нова Градишка, во Хрватска.

Неговата смрт остави голема болка кај сите што го познаваа, но и кај оние кои никогаш не го запознаа, а сепак, ја сакаа неговата музика.

Меѓу оние што секоја години се сеќаваат на Тоше е и актерката Весна Петрушевска, која беше негова блиска пријателка.

Само неколку часа пред неговата смрт, Весна го сними последното интервју на Тоше, а сега со многу емоции се сети на нивната последна средба.

koga-mislam-na-tebe-chuvstvuvam-deka-si-zhiv-nekade-vesna-petrushevska-emotivna-na-godishninata-od-smrtta-na-toshe-02.jpg

Таа објави видео на Инстаграм, со неколку нивни заеднички фотографии и фотки од Тоше, а го дополни со песната „Још увек сањам да смо заједно“, која беше објавена брзо по неговата смрт.

„Секој 15-ти октомври е ист. И тоа точно некаде околу 22 часот. Завршивме околу 23 часот. За неполни 7 часа те снема.

Небото е поделено на 7 елементи. Виножитото има 7 бои. Сакам да мислам на тебе затоа што тогаш чувствувам дека си жив некаде, макар и во мојата глава.

Ти уживаше во секое изгрејсонце, бидејќи знаеше дека никому не е ветено утре, дури и остатокот од денес.

Тагата е љубов што не сакам да ја оставам. Тебе нема никогаш да те оставам. Те сакам, твоја Бејби“, напиша Весна.

koga-mislam-na-tebe-chuvstvuvam-deka-si-zhiv-nekade-vesna-petrushevska-emotivna-na-godishninata-od-smrtta-na-toshe-03.jpg

Пријателството на Тоше и Весна траеше од самите почетоци на кариерата на Проески.

Весна го нарече „бајадера“ кога му доделуваше награда на „Златна Бубамара на популарноста“ и тој прекар му остана.

Тоше беше гостин и на нејзината свадба, па освен што се забавуваше, го зеде микрофонот и ѝ запеа.

koga-mislam-na-tebe-chuvstvuvam-deka-si-zhiv-nekade-vesna-petrushevska-emotivna-na-godishninata-od-smrtta-na-toshe-04.jpg

Таа, пак, специјално за Тоше отиде во Истанбул и го следеше неколку дена додека беше на „Евровизија“.

Само неколку часа пред сообраќајната несреќа, во која тој загина, Тоше беше гостин во емисијата на Весна, „Вртелешка“, и оттаму тргна на пат за Хрватска.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска си ја соголи душата: „Плачам кога луѓето се злобни кон мене, страв ми е дека никог... „Не ми беше лесно да се отворам. Може ќе ме разберете, може не, можеби поминуват...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...

Најчитани неделава