„Ми се смееја дека ќе пуштам музика во студентски дом“ - Панчо изреволтиран од злобните коментари

„Сите беа дојдени да се забавуваат и ширеа љубов и позитивна енергија. Местото е мало, но има поубава енергија од најубавите и најскапи локали низ Македонија. А, најбитно од сè - и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои ‘големи газди’“, вели Панчо.

pancho-izrevoltiran-od-komentarite-deka-kje-pushta-muzika-vo-studentski-dom-mi-se-smeeja-trebalo-da-mi-bide-pod-chest-01.jpg

Панчо од ДНК, познат и како диџеј Шорти, вчеравечер (22.11) пушташе музика во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Направи супер журка за студентите, а потоа објави и видео на својот профил на Фејсбук.

Тој не криеше дека е револтиран од коментарите на некои луѓе дека треба да му е под чест да пушта музика во студентски дом.

pancho-izrevoltiran-od-komentarite-deka-kje-pushta-muzika-vo-studentski-dom-mi-se-smeeja-trebalo-da-mi-bide-pod-chest-02.jpg

Тоа го испровоцира да го објави видеото и да покаже дека студентите одлично се забавуваат, но и да го пофали дечкото кој го ангажирал, бидејќи за разлика од некои „големи газди“, како што вели Панчо, воопшто не се ценкал околу хонорарот.

„Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам музика во студентски дом… Тоа требало да ми биде под чест со оглед на мојата репутација.

Јас само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место.

Обожавам вакви места, јас сум дете на народот и никогаш не сум се гледал повеќе од останатите луѓе. За мене сите сме исти.

pancho-izrevoltiran-od-komentarite-deka-kje-pushta-muzika-vo-studentski-dom-mi-se-smeeja-trebalo-da-mi-bide-pod-chest-03.jpg

И да бидам искрен, сите кои беа присутни, беа дојдени за да се забавуваат и ширеа само љубов и позитивна енергија. Студенти, чисти души.

Местото е мало, но има поубава енергија од најубавите и најскапи локали низ Македонија, а најбитно од сè, и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани (Благојче), не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои ‘големи газди’.

Студентски Пелагонија, ве обожавам“.

Погледнете го видеото:

/

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат ... „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа...
Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата в...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...

Најчитани неделава