Проф. д-р. Марија Ралева за траумите кај децата по насилната смрт на Вања: „Тагувањето е процес на исцелување, што може да се очекува?“

„Смртта на саканата другарка може да го наруши чувството за себе и светот наоколу. Многу адолесценти, деца, имаат тешкотии со јадењето, спиењето, главоболки и стомачни болки, затегнати мускули, подложност на физички замор или други телесни симптоми“ – вели во изјава за CRNOBELO.com проф. д-р Марија Ралева. Со неа разговаравме за тоа какви се психолошките последици врз адолесцентите и кои се симптомите што може да се очекуваат по ова трауматично искуство.

prof-d-r-marija-raleva-za-traumite-kaj-decata-po-nasilnata-smrt-na-vanja-taguvanjeto-e-proces-na-isceluvanje-koi-se-stadiumite-i-shto-mozhe-da-se-ochekuva-01_copy.jpg

Смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска нѐ погоди сите... Со денови наназад додека сѐ уште се трагаше по девојчето, сите бевме уплашени за сопствената, но и безбедноста на сопствените деца, за потоа со вестите за смртта чувствата да прераснат во тага, агонија и гнев...

За психолошките последици што оваа колективна траума ја остава врз децата и адолесцентите, врсниците на Вања, но општо и на повозрасните, разговаравме со универзитетската професорка во пензија - д-р Марија Ралева.

prof-d-r-marija-raleva-za-traumite-kaj-decata-po-nasilnata-smrt-na-vanja-taguvanjeto-e-proces-na-isceluvanje-koi-se-stadiumite-i-shto-mozhe-da-se-ochekuva-03.jpg

Марија Ралева била долгогодишен психијатар за деца и адолесценти, системски семеен психотерапевт, редовен професор на Медицинскиот факултет во пензија, која за читателите на CRNOBELO.com се обиде на стручен начин да ги објасни емоциите со коишто сите се соочуваме како општество и да ни помогне да ги воочиме симптомите кај нашите деца што би можеле да укажуваат дека и тие во моментот се справуваат со колективната траума којашто ја доживеавме сите.

„Доживувањето на смртта и загубата е едно од најтешките искуства како за возрасните, така и за децата и адолесцентите.

Најчесто чувството на тага се јавува како емоционален одговор на загуба на близок и сакан член на семејството.

Но, кога е во прашање смрт на врсник – дете или адолесцент, и кога тоа се случува како резултат на свирепо насилство, тогаш чувствата се многу интензивни, измешани, збунувачки, и силно вознемирувачки и застрашувачки. Доминира страв, тага, лутина и бес, гнев и чувство на силен очај“ – вели докторката.

prof-d-r-marija-raleva-za-traumite-kaj-decata-po-nasilnata-smrt-na-vanja-taguvanjeto-e-proces-na-isceluvanje-koi-se-stadiumite-i-shto-mozhe-da-se-ochekuva-02.jpg

Притоа таа цитира изјава на 16-годишен адолесцент кој се соочил со загуба:

„Тагувањето може да те излуди. Секоја емоција се ослободува и доаѓа до поплава, нагризувајќи го секое чувство на рамнотежа. Секојднeвната рутина и на најстабилната индивидуа може да се наруши со ненадејно расплакување или целосна расеаност поради болката од загубата. Нема скратен пат за да исчезнат напливите на емоциите“.

Докторката појаснува дека тагувањето е процес на исцелување, што подразбира успони и падови, адаптирање кон изменетата реалност и бројните мали преговарања со секојдневието, доближувајќи ја личноста на адолесцентот кон нова димензија на животот.

„Тагувањето има свои стадиуми. Елизабет Кублер Рос ги опишува стадиумите на тагувањето по смртта на блиската личност како периоди на негација и изолација, лутина, ценкање, депресија и конечно прифаќање на смртта.

Во периоди на тагување луѓето доживуваат емоции како што се вина, омраза, страв, фрустрација, ослободување, дури и комбинација на повеќе чувства истовремено.

Луѓето, особено адолесцентите се движат низ овој процес на тагување многупати напред–назад пред да дојдат до степен на прифаќање и помирување“ – појаснува професорката.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Исповед на Македонка: „Сопругот ми почина кога имав 29 години, имав 2 мали деца, но се изборив како ... „Да ми кажеше некој дека ќе бидам вдовица пред 30-тата, ќе се насмеев. Но, знаеш...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...

Најчитани неделава