Првата македонска пилотка во Wizz Air елегантна на гала забава во Будимпешта - Униформата ја замени со фустан

Во асиметричен фустан со гол грб, во комбинација со црни салонки, македонската пилотка Ива изгледаше префинето на забавата на нејзината авиокомпанија.

najzgodnata-makedonska-pilotka-elegantna-i-zavodliva-na-gala-zabava-vo-budimpeshta-01.jpg

Првата жена пилот во Wizz Air од Македонија, Ива Матиќ, беше гостинка на гала забавата во Будимпешта што ја организира нејзината авиокомпанија.

Во долг асиметричен црвено-црн фустан со гол грб, краток однапред, а долг одзади и во комбинација со црни салонки, Ива изгледаше елегантно и префинето.

Таа со својот изглед изненади многумина, бидејќи често ја гледаат во униформа.

najzgodnata-makedonska-pilotka-01.jpg

На фотките што ги објави на својот Инстаграм профил, доби комплименти дека е најзгодната македонска пилотка.

najzgodnata-makedonska-pilotka-elegantna-i-zavodliva-na-gala-zabava-vo-budimpeshta-02_copy.jpg

На дел од нив, Ива во својот впечатлив аутфит позира на снег.

najzgodnata-makedonska-pilotka-elegantna-i-zavodliva-na-gala-zabava-vo-budimpeshta-04.jpg

Матиќ повеќе од една деценија години работи како пилот.

najzgodnata-makedonska-pilotka.jpg

Таа е првата жена воен пилот кај нас, а од 2021 работи како пилот на комерцијалните летови на Wizz Air.

najzgodnata-makedonska-pilotka-elegantna-i-zavodliva-na-gala-zabava-vo-budimpeshta-01_1.jpg

Ива често споделува фотки и видеа од своите патувања, а пред неколку месеци откри и дека првпат летала со жена капетан и дека во авионот имало само женски екипаж, што е прв таков лет во нејзината кариера.

Прочитајте и Првата жена пилот од Македонија во Wizz Air: „Првпат по 10 години кариера летав со жена капетан и само женски кабински персонал“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонска свадба на плажа во Грција – се игра оро, ечи „Ти донесов млада невеста“ (видео) Србин воодушевено од терасата на својата хотелска соба на 13-ти септември сними ...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава