Лила ја обожава новата песна на Антониа - Вирално видео од нивниот заеднички танц во гардероба

Лила и Антониа воодушевија со заедничкото видео на Инстаграм каде што играат и го пеат најновиот хит на Гиговска, „Брига ме“.

lila-i-antonia-so-viralno-video-vo-garderoba-go-peat-noviot-hit-na-gigovska-i-se-zabavuvaat-01.jpg

Антониа Гиговска неодамна ја објави својата најнова песна „Брига ме“.

Песната толку ѝ се допадна на Лила Филиповска, што само неколку дена по промоцијата, водителката сподели видео од Бали, на кое е во базен и ја пее песната од Антониа.

Но, најновото видео што го објави Антониа на Инстаграм беше изненадување за многумина.

Таму таа го пее својот хит, а по неколку секунди во кадар влегува и Лила, па двете заедно продолжуваат да пеат и да играат.

lila-i-antonia-so-viralno-video-vo-garderoba-go-peat-noviot-hit-na-gigovska-i-se-zabavuvaat-02.jpg

Видеото, кое е снимено во гардероба, се споделува на социјалните мрежи, а фановите на двете дами не го кријат воодушевувањето.

„Јас ќе бидам жири, ќе бидам коректен и строг околу оценувањето - убавина Лила, пејач Антониа, но двете ве сакам“,

„Прекрасни сте и преубава е песната“, се дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Конечно - новиот спот и песна на Антониа Гиговска: „Со бањарки во кадата ме креваа за да се гледам, првпат во животот имам трема“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...
Лила се забавува во Бодрум - позира на фламинго, ужива на пена-журка на базен, ги покажа извајаните ... Водителката ги насмеа своите следбеници откако на Инстаграм Стори објави фотка н...

Најчитани неделава