Добрила Чабриќ од „Никогаш не е доцна“: „На 95 години уште возам, не сакам кога ми велат дека сум стара“

Најстарата учесничка на шоуто „Никогаш не е доцна“, Добрила Чабриќ, освен што ја воодушевува јавноста со фактот што на 95 години и понатаму вози и пее, сега повторно го привлече вниманието со изјавата дека дресирала петел.

dobrila-chabrikj-od-nikogash-ne-e-docna-na-95-godini-ushte-vozam-ne-sakam-koga-mi-velat-deka-sum-stara-01_copy.jpg

Добрила Ивановски Чабриќ, е постојано на релација Дојран – Белград. Таа со своите 95 години и понатаму вози, па со автомобилот дојде до Белград, каде што гостуваше во емисијата „Гранд магазин“.

Таму, освен за животот и музиката, зборуваше и за своите миленици.

„Еден ден одев кај ветеринарот во Гевгелија да земам вакцина за кучето, кога пред вратата кај него најдов оставено пиленце. Го зедов и од тоа пиле порасна прекрасен петел.

Јас го дресирав да ми стои на рамото и кога плетам на машината да го влече конецот. Му велев: ‘Бакни ја мама’, а тој правеше ‘Цмок, цмок’.

Му велам да оди кај кучињата, а тој ќе отидеше кај што се тие и ќе ги раширеше крилјата. Мислам дека животните се реинкарнација на луѓе“, кажа таа во емисијата.

Пејачката од Дојран, која е прва победничка во „Никогаш не е доцна“, вели дека не сака кога луѓето за неа велат дека е „најстарата учесничка во шоуто за ветарани“.

„Кога ќе кажете најстара, тоа звучи толку старо, а јас не се чувствувам така.

Мојот извор на младоста е во душата, бидејќи сум опкружена со млади луѓе и никој не чувствува дека сум стара.

Мене и понатаму ме носи бранот на младоста. Сите ме сакаат и живеам од таа љубов.

Сакам да патувам, да одам на настани, сакам изненадувања, иако некои се добри, а некои лоши. Возам, активна сум и одам секаде кај што ќе ме поканат“.

dobrila-chabrikj-od-nikogash-ne-e-docna-na-95-godini-ushte-vozam-ne-sakam-koga-mi-velat-deka-sum-stara02.jpg

Таа во емисијата изјави и дека нема голема тајна за нејзината виталност, но голема улога игра исхраната.

„Јас сум вегетаријанец, не можам да јадам месо. Некогаш се случува да каснам по некој залак, но го џвакам како да е хартија.

Јадам овошје, зеленчук, главен оброк ми се салати.

Одамна не пијам, не пушам, понекогаш знам да запалам една во друштво, но тоа личи многу лошо, како да му ставите цуцла на пиле, на пример“, вели таа.

dobrila-02.jpg

Па додава:

„Живеам бурно. Не легнувам како старите луѓе во 8 или 9, туку во 3 наутро.

Некогаш не заспивам ни пред 5 – гледам нешто на интернет, следам што се случува со војните во светот и постојано си мислам ‘Господе, само да не почне Трета светска војна’.

Короната ни удри силна шлаканица и тоа беше доволно“.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава