Станари од Скопје за пофалба – Сами ги декорираа двата влеза во зградата со преубави цртежи на стакло и елки

„Сè е изработено од соседите, почнувајќи од сијаличките на елките, сè до сликањето на стакло и украсувањето на елките“ – велат во изјава за CRNOBELO.com, станарите на една од најубаво украсените згради во Скопје. 

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-01.jpg

Во предновогодишниот период, станарите од една скопска зграда се потрудиле заедничкиот простор во влезот да биде убаво украсен и среден.

Со труд и посветеност, станарите одвоиле време за влезот да биде декориран во духот на претстојните празници и со тоа се пример за тоа како треба да изгледа еден заеднички простор во зграда, но и за тоа што значи вистински соживот во станбен објект.

Некој се потрудил и дал придонес со својот талент за сликање, други со украсување на елки и средување на останатиот дел од просторот. Сè на сè, овие станари се пример дека заедничкиот труд може да даде резултат.

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-02.jpg

Двата влеза во зградата се декорирани речиси идентично, со новогодишни елки со сребрени лампиони и сијалички, цртежи на огледалата, но и на стаклата од влезните врати. Исто така, декориран е и дворот пред влезовите.

Па, затоа оваа зграда на улицата „Методија Ш. Шарло“ е еден од најубаво накитените простори во главниот град.

„Сè е изработено од соседите, почнувајќи од сијаличките на елките, сè до сликањето на стакло и украсувањето на елката“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Александар, еден од станарите на зградата.

Тој вели дека цртежите се дело на Билјана Цветанова, која се занимава со цртање мурали, а зградата се наоѓа во населбата Аеродром и тамошните жители ја нарекуваат „зградата со бунарчето“.

Во продолжение погледнете неколку фотки од влезовите:

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-07.jpg

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-06.jpg

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-05.jpg

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-04.jpg

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-03.jpg

Погледнете и кратко видео од уредувањето:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит споредбa: Елката во Скопје со прозорчиња е инспирирана од елката во Крајова од 2023-та (фото) Елката со прозорчиња од Скопје 2025 е инспирирана од елката во Крајова, Романија...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Скопска зграда со 6 влеза е како од зимска бајка - празничните цртежи измамуваат насмевка на станари... Веќе неколку години, во периодот на празниците, станарите од оваа зграда, но и н...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...

Најчитани неделава