Калиопи со торта и свеќи, во домашна атмосфера го слави 57-иот роденден

„Среќен роденден Калиопи“ – голем број пријатели и обожаватели на Инстаграм ѝ го честитаат роденденот на нашата поп-дива, а овој ден го нарекуваат и „опиндан“.

kaliopi-so-torta-i-svekji-vo-domashna-atmosfera-go-odbelezhuva-57-iot-rodenden-01.jpg

Нашата поп-дива Калиопи денес (28.12) го слави својот 57-ми роденден, а по тој повод објави кратко видео на нејзиниот Инстаграм профил, каде насмеана и расположена ги дува свеќичките на тортата што за неа ја подготвиле блиските пријатели.

Калиопи ни покажа дел од нејзиниот дом, каде централно место зазема белото пијано со голем број фотографии.

Во видеото во заднина имаме можност да ја слушнеме нејзината позната песна: „Rodjendan“, а Калиопи на своите верни обожаватели им порача:

„Ви благодарам за секоја прегратка без допир, драги луѓе!!!“

Со објави на Инстаграм Стори, голем број нејзини познаници и пријатели ѝ го честитаа роденденот. 

Интересно е тоа што на нејзиниот Инстаграм профил е објавено и Стори кое ги одбројува минутите до роденденот на поп-дивата, кој го нарекоа и „опиндан“.

kaliopi-so-torta-i-svekji-vo-domashna-atmosfera-go-odbelezhuva-57-iot-rodenden-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...
„Минче ти си пример како едно девојче треба да се бори“ - Весна Петрушевска емотивна за 21-иот роден... „Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограм...

Најчитани неделава