Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото)
- Детали
- сабота, 30 декември 2023
Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ја имаа својата првата празнична фотосесија, во прегратките на своите родители и Дедо Мраз.

Два месеца откако се родија (22.10), трите момчиња од Штип и нивната сестричка, Ведран, Михаил, Теодор и Леонтина, наскоро ќе ја дочекаат својата прва Нова година.

А неколку дена пред празниците, нивните родители, Благица и Александар Зикови, им направија интересна фотосесија со Дедо Мраз.
Фотографирани во штипско студио, четирите бебиња се облечени во црвени празнични алишта.


Момчињата се во идентични шпилхозни, а девојчето е во црвено фустанче.

Освен што се фотографирани со родителите, секое од бебињата има и фотка во рацете на Дедо Мраз.

А, коментарите го топат срцето:
„Полни раце непроценливо богатство“,
„Прекрасни се, нема поголема радост“.
