Браво! Вработени во скопски маркет згрижија куче скитник и го чуваат на топло во студените денови

„Убавицава преку ден е внатре, навечер спие на топло помеѓу двете врати. Најадена, стоплена и никому не пречи. Секоја чест за вработените во маркетот и тафталиџани“, стои во виралната објава на Фејсбук.

bravo-vraboteni-vo-skopski-market-zgrizhija-kuche-skitnik-go-hranat-i-chuvaat-od-studot-01.jpg

На Фејсбук наголемо се споделува објавата на Маја Бабиќ, која ги пофали вработените во маркет во Тафталиџе, а кои се грижат за куче скитник, па во студените денови му дозволуваат да седи во маркетот, го хранат, а навечер го оставаат и да спие внатре засолнето од студот.

bravo-vraboteni-vo-skopski-market-zgrizhija-kuche-skitnik-go-hranat-i-chuvaat-od-studot-05.jpg

„Убавицава живее во ‘Кит-Го’ маркети во Тафталиџе. Преку ден е внатре, навечер спие на топло помеѓу двете врати. Најадена, стоплена и никому не пречи.

Секоја чест за вработените во маркетот и тафталиџани“, пишува во објавата на Маја на Фејсбук.

bravo-vraboteni-vo-skopski-market-zgrizhija-kuche-skitnik-go-hranat-i-chuvaat-od-studot-04.jpg

Овие фотографии предизвикаа многу позитивни реакции на социјалните мрежи, но и куп пофалби за вработените.

Луѓето коментираат дека нивниот гест е за поздрав, а има и такви што велат дека често пазарат во маркетот и го знаат кучето, па го опишуваат како весело и мирољубиво и додаваат дека сите го сакаат.

bravo-vraboteni-vo-skopski-market-zgrizhija-kuche-skitnik-go-hranat-i-chuvaat-od-studot-03.jpg

„Да живеам во Тафталиџе само таму би пазарел“,

„Се мислам, дали е добро да се сподели ова да не се пожали некој, па да им забранат на вработените да го чуваат и да остане на студот“,

„Браво за хуманоста, секоја чест“ се само дел од коментарите.

bravo-vraboteni-vo-skopski-market-zgrizhija-kuche-skitnik-go-hranat-i-chuvaat-od-studot-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Марина Ристовска, наша професорка: „Ах, питата со јаболка од Ванила и кога сами се возевме со автобу... „Бев трето одделение прв пат ме запишаа на курс по англиски у Работнички. Заедно...
Модно усогласена со ќерките, разменува нежности со сопругот - Љупка Митрова се вљуби во Венеција По неколкуте патувања на кои беше сама со сопругот Георги, овој пат Љупка ја пос...
Како го теши синот, како спие: Димитар Атанасовски со фотки од семејни мигови ѝ честиташе роденден н... „Среќен роденден на нашата кралица, најсексапилната и најжестока мама, мојата ср...
Тамара Тодевска му честита роденден на Лука, по гласините дека не се заедно: „Те бирам тебе – секога... „Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш! Среќен роденден љубави“ – напиша Тамара Т...

Најчитани неделава