Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мирослав ја запроси саканата Викторија во Валенсија, во ресторан со огромен аквариум и нуркачи (видео)

Дали го планираше запросувањето долго време? Имаше ли трема пред да клекнеш на колено?

Планот и целата реализација траеја околу два месеци. Им благодарам многу на моите другари од Полска (за прстенот) и од Шпанија (за запросувањето) кои ме поддржаа во идејата и се заложија максимално за сè да испадне точно, квалитетно и беспрекорно.

Имав прикриена трема, ама повеќе насочена кон придружните споредни елементи (дали ќе стигнеме навреме во ресторанот, дали секој што има улога ќе ја исполни навремено, дали ќе биде баш погоден моментот од вечерата кога би допливале нуркачите...).

miroslav-ja-zaprosi-sakanata-viktorija-03.jpg

Дали таа очекуваше да ја запросиш? Сте разговарале ли за брак претходно или баш ѝ беше изненадување?

Во моментот кога влеговме во ресторанот, нешто ѝ беше сомнително бидејќи не можеа да ме најдат на списокот за потоа веднаш да ме најдат и поканат да влеземе. Во текот на вечерта ја забележав како ме испитува суптилно и ми го следи секој потег, го јаде десертот со претпазливост... 

Познавајќи ја, очекував дека ќе се посомнева за самиот чин, па затоа подготвив специјално изненадување во начинот на кој ја запросувам, а е нешто што никому, па ни неа, не можеше да ѝ падне на крај памет.

Инаку сме зборувале отворено за брак, за тоа кои се за нас убави запросувања и тоа дека и двајцата знаевме дека нашата врска води во тој правец.

Сигурно е дека годините, а и претходното наше искуство на темата веридба и брак нè направи да бидеме позрели и овој пат да знаеме што сакаме за себе и за партнерот. Предност е што и двајцата сме научиле од грешките во минатото!

Каква беше нејзината реакција?

„Леле, леле, леле, зошто си толку откачен?!“

Останатиот дел се гледа на автентичното видео за кое таа не знаеше дека се снима.

Раскажи ми за самиот чин на запросување - имаше ли спремен говор, како договори некој да ве снима, каде го криеше прстенот, ти беше ли страв дека може да го најде?

Целата вечер, а и самиот чин си дојде многу природно и искрено. Се обидував да бидам присебен и добро ми одеше, со многу мали исклучоци.

За прстенот не ми беше страв дека ќе го најде, бидејќи ми беше во торбата за лаптопот, а таму не ти текнува да отвориш додека си на патување со други куфери.

Единствено предизвикувачки ми беше координацијата со останатите членови од тимот кои имаа улоги таа вечер (особено со оние што снимаа). Знаеја да ми стигнат аудио пораки кои не можев баш веднаш да ги отворам и видам.

Но, откако дојдов на самото место, се опуштив бидејќи сфатив колку добро сите се уиграни (ми дадоа суптилни сигнали дека сè е во ред) и тогаш остануваше само мојот дел, кога ќе ги видам нуркачите, да глумам изненаден и потоа скришно да го извадам прстенот.

А токму во тој момент, Вики почна да прашува: „А чекај, кога и како ти договори да имаме вечера овде бидејќи уште на влезот нè прашуваа за листа?“

Не се ни сеќавам што точно одговорив, само зборував, а во следните 10 секунди таа се изненади од нуркачите и ми рече: „Гледај човек, нуркач има во аквариумот“. А јас: „Каде е?“ 

miroslav-ja-zaprosi-sakanata-viktorija-02.jpg

И изборот на прстенот има интересна приказна... ќе ми раскажеш ли неколку детали? 

Од разговорите со Вики, знаев каков тип на прстен преферира – нежен стил. Мој избор беше дијамантот на него и неа тоа ѝ се допадна. А кога го стави на рака видовме дека е точен. 

Кому кажавте прво дека ќе се венчате? Кој се израдува најмногу?

Прво на нејзините најблиски, а веднаш потоа и на моите. На сите им надојдоа солзи радосници.

Имате ли веќе планови за свадбата?

Сигурни сме за многу мала регистрација во матично со нашите дома најблиски, а свадбената прослава сега засега не откриваме детали. Нека остане изненадување.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
„Кога јас го носам детето на детски роденден, маж ми гледа ТВ, кога тој го носи - јас чистам, раскре... Мајка од САД вели: „Зошто мажите имаат време и за одмор и за хоби, додека жените...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg