Денес се слави Атанасовден – Денот кога се верува дека големите студови веќе се поминати

Среќен именден Атанас, Танас, Тане Таска... Се слави зимскиот Свети Атанасиј, денот кога се верува дека зимата е на средина.

se-slavi-atanasovden-denot-koga-se-veruva-deka-golemite-studovi-vekje-se-pominati-01.jpg

На последниот ден од јануари, православните верници го слават празникот Свети Атанасиј Велики.

Свети Атанасиј се слави двапати во годината, како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи Свети Атанасиј Велики и Свети Кирил Александриски, за нивните заслуги во одбраната на христијанството.

Свети Атанасиј се слави како куќна слава во голем број македонски семејства, а именден слават Атанас, Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Исто така, зимскиот Свети Атанас според верувањата се сметал за ден што ја означува средината на зимата, односно се верувало дека големите студови веќе се поминати.

se-slavi-atanasovden-denot-koga-se-veruva-deka-golemite-studovi-vekje-se-pominati-02.jpg

Свети Атанасиј Велики бил роден во Александрија во 296 година.

Тој од детството бил наклонет кон духовниот призив, а бил ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружувал на Првиот Вселенски Собор во Никеја.

На овој Собор многу се прославил со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието.

По смртта на Александар, свети Атанасиј бил избран за архиепископ Александриски, а на таа позиција останал повеќе од 40 години.

se-slavi-atanasovden-denot-koga-se-veruva-deka-golemite-studovi-vekje-se-pominati-03.jpg

Речиси сиот живот бил гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеле Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. БИл принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватните куќи, по пустините.

Мал е бројот на светителите што биле толку клеветени и толку злосторнички гонети како светиот Атанасиј.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...

Најчитани неделава