ДНК за Леонид: Втора година по ред ја ставаат статуетката од Златна Бубамара на лицитација

Исто како и минатата година, така и годинава музичкото дуо ДНК ја стави на лицитација наградата што ја добија на синоќешната манифестација „Златна Бубамара“. Овој пат средствата ќе бидат наменети за лекувањето на младиот Леонид Индов.

dnk-vtora-godina-po-red-ja-stava-na-licitacija-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-se-nameneti-za-lekuvanje-na-leonid-01.jpg

Во изминативе денови, цела Македонија се крена на нозе со цел да обезбеди средства за лекување на младиот Леонид Индов, а кон хуманитарната акција се приклучи и дуото ДНК.

dnk-vtora-godina-po-red-ja-stava-na-licitacija-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-se-nameneti-za-lekuvanje-na-leonid-02.jpg

Владимир Блажев, попознат како Панчо, и Андреј на Фејсбук објавија фотка од статуетката што ја добија за „Песна на годината“ заедно со Врчак и рекоа дека и оваа година, слично како и минатата, одлучиле да направат хуман гест.

„Како и минатата година, така и оваа добиена награда на Златна Бубамара решивме да ја ставиме на лицитација.

Овој пат средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за лекувањето на Леонид Индов кој заедно со неговата фамилија ја води најтешката битка во животот.

dnk-vtora-godina-po-red-ja-stava-na-licitacija-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-se-nameneti-za-lekuvanje-na-leonid-04.jpg

За жал, државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности.

Почетната цена на статуетката е 6.000 денари, но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе“, пишува на објавата.

Панчо ги повика сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе да се приклучат кон лицитацијата, а сопственик на „бубамарата“ ќе биде оној кој последен ќе ја даде највисоката сума.

Лицитацијата ќе се затвори во понеделник (26.02) и тогаш ќе биде соопштен новиот сопственик на наградата.

dnk-vtora-godina-po-red-ja-stava-na-licitacija-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-se-nameneti-za-lekuvanje-na-leonid-05.jpg

Инаку, минатата година ДНК ја добија наградата за најпопуларна група, а статуетката беше ставена на лицитација и достигна сума од 31.000 денари.

Парите беа наменети за хуманитарната организација „Марко Божиновски“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата в...
„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат ... „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа...
Последно збогум! Владимир Блажев - Панчо утре ќе биде испратен во вечното почивалиште во Бутел Телото на Панчо ќе биде изложено во црквата Св. Илија во Аеродром, каде што сите...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...

Најчитани неделава