Славчо Попоски, метеоролог: „Можни се обилни врнежи од дожд, грмотевици, но и појава на град“

„Очекуваме повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, како и засилен ветер. Поради обилните дождови, можни се и локални, краткотрајни поплавувања“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-mozhni-se-obilni-vrnezhi-od-dozhd-grmotevici-no-i-pojava-na-grad-01.jpg

Променливото време е карактеристично за март, па иако месецов е натпросечно топол, имаме и облачно и врнежливо време.

Врнежите од дожд ќе можеме да ги очекуваме и во наредните ден-два, барем на некои места во Македонија.

Во некои делови, можно е да има и појава на грмежи.

Прогнозата на метеорологот Славчо Попоски:

„Денес и утре, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи.

Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Денес ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70km/h). Остануваат високите пролетни температури на воздухот.

И во Скопје очекуваме слично време денес и утре, со повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, особено во текот на денешниот ден.

slavcho-poposki-meteorolog-se-ochekuvaat-obilni-vrnezhi-od-dozhd-no-i-pojava-na-grad092.jpg

Да напомниме дека повремено на високите планини ќе има провејување на снег.

Според моменталните анализи со кои располагаме, со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), седмицата која е пред нас ќе биде и понатаму пролетно топла, иако календарски е сè уште зима, но и со повеќе врнежи.

slavcho-poposki-meteorolog-se-ochekuvaat-obilni-vrnezhi-od-dozhd-no-i-pojava-na-grad-03.jpg

Најмногу врнежи ќе имаме денес и утре, кога е можна појава и на локално невреме со електрични празнења и со појава на град.

Топло ќе биде и во најголемиот дел од Европа.

НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така локално се очекува позначително количество на воден талог (над 25 литри). Доколку се случат овие врнежи за краток период, и тоа поради очекуваната нестабилност, можни се локални краткотрајни поплавувања“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...

Најчитани неделава